EasyManua.ls Logo

Bosch 0 601 9J0 301 - Page 199

Bosch 0 601 9J0 301
279 pages
Go to English
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
Македонски | 199
Основна поставка за број
на вртежи при степен
1 2 3
[min
-1
] [min
-1
] [min
-1
]
Број на степени на вртежи
3
0–1 100 0–2 300 0–3 400
Со копчето за претходно избирање на број на
вртежи(19) може да го изберете потребниот број на
вртежи и за време на работата.
Изберете режим на работење
Електричниот алат располага со 2 претходно дефинирани
работни режима A и B(16). Работните режими може
дополнително преку апликацијата Bosch Toolbox под A и
B (16) да ги програмирате за различни примени и
постоечките режими да ги прилагодите.
За да менувате помеѓу работните режими A и B (16),
притиснете го копчето за режим(17).
Совети при работењето
u Електричниот алат ставете го на навртката/
завртката само доколку е исклучен. Доколку алатите
што се вметнуваат се вклучени и се вртат, тие може да
се превртат.
u Електричниот алат со активиран Bluetooth
®
Low
Energy модулGCY42 (опрема) е опремен со радио
интерфејс. Треба да се внимава на локалните
оперативни ограничувања, напр. во авиони или во
болници.
Вртежниот момент зависи од времетраењето на ударот.
Максималниот постигнат вртежен момент е резултат од
збирот на сите поединечни вртежни моменти постигнати
со удари. Максималниот вртежен момент се постигнува
по времетраење на удар од 6–10секунди. По овој
период, затезниот вртежен момент се зголемува
минимално.
Времетраењето на ударот треба да се одреди за секој
потребен затезен вртежен момент. Постигнатиот затезен
вртежен момент, треба постојано да се проверува со
вртежен момент клуч.
Завртувања во цврсто лежиште, лежиште со пружина
или меко лежиште
Доколку има обид да се измерат постигнатите удари во
последователни удари и да се пренесат во дијаграм, ќе се
добие крива на текот на вртежни моменти. Висината на
кривата одговара на максималниот постигнат вртежен
момент, а косината покажува кога е постигнат.
Еден вртежен момент зависи од следните фактори:
Цврстината на завртките/навртките
Видот на подлогата (диск, подлошка, дихтунг)
Цврстина на материјалот што се навртува
Подмачканост на завртките
Зависно од горенаведените фактори, постојат следниве
видови на примена:
Цврсто лежиште при навртување метал на метал со
користење на подлошки. Максималниот вртежен
момент се постигнува по релативно кратко време на
удар (кос тек на линијата). Непотребното долго време
на удари ѝ штети на машината.
Лежиште со пружина при навртување метал на метал,
при користење на прстенести пружини, подлошки,
болцни или завртки/навртки со конусно лежиште, како
и при користење на продолжетоци.
Меко лежиште при навртување на пр. метал на дрво
или при користење на оловни или фибер дискови како
подлога.
При лежиште со пружина одн. меко лежиште
максималниот вртежен момент на прицврстување е
помал отколку при цврсто лежиште. Исто така е потребно
значително подолго време на удари.
Референтни вредности за максимален вртежен момент за затегнување на завртките
Податоци во Nm, пресметано од просекот на затегнување; искористување на границата на еластичност 90 % (при број
на триења μ
вк.
=0,12). Постигнатиот затезен вртежен момент, треба постојано да се проверува со вртежен момент клуч.
Класи на цврстина
според DIN 267
Стандардни завртки Завртки со висока
отпорност
3.6 4.6 5.6 4.8 6.6 5.8 6.8 6.9 8.8 10.9 12.9
M6 2.71 3.61 4.52 4.8 5.42 6.02 7.22 8.13 9.7 13.6 16.2
M8 6.57 8.7 11 11.6 13.1 14.6 17.5 19.7 23 33 39
M10 13 17.5 22 23 26 29 35 39 47 65 78
M12 22.6 30 37.6 40 45 50 60 67 80 113 135
M14 36 48 60 65 72 79 95 107 130 180 215
M16 55 73 92 98 110 122 147 165 196 275 330
Совети
Пред навртување на големи, подолги завртки во цврсти
материјали, претходно издупчете 2/3 од должината на
завртката според внатрешниот дијаметар на навојот.
Напомена: Внимавајте, да не навлезат ситните метални
делови во електричниот алат.
По подолго работење со мал број на вртежи, за да го
оладите електричниот алат оставете го да се врти во
празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи.
Bosch Power Tools 1 609 92A 7X4 | (17.10.2022)

Related product manuals