EasyManuals Logo

Bosch GSR Series User Manual

Bosch GSR Series
Go to English
235 pages
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Page #172 background imageLoading...
Page #172 background image
172 | Македонски
GSB 14,4/18 VE-2-LI:
Нивото на звук на електричниот алат оценето соА
типично изнесува: ниво на звучен притисок 91dB(A);
ниво на звучна јачина 102dB(A). Несигурност K=5dB.
Носете заштита за слухот!
GSR 14,4/18 VE-2-LI GSB 14,4/18 VE-2-LI
Вкупните вредности на вибрации a
h
(векторски збир на три насоки) и несигурностK дадени се во согласност со
EN62841-2-1:
Дупчење во метал:
a
h
K
m/s
2
m/s
2
< 2,5
1,5
< 2,5
1,5
Ударно дупчење во бетон:
a
h
K
m/s
2
m/s
2
14,0
1,5
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и
вредноста на емисијата на бучава се измерени според
мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу
електрични алати. Исто така може да се прилагоди за
предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата
на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата
на бучава ги претставуваат главните примени на
електричниот алат. Доколку електричниот алат се
користи за други примени, алатот што се вметнува
отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото
на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да
отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото
на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот
период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и
емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот
во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
нивото на вибрации и емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките,
организирање на текот на работата.
Монтажа
u Пред било каква интервенција на електричниот
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Полнење на батеријата
u Користете ги само полначите коишто се наведени
во техничките податоци. Само овие полначи се
погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот
електричен алат.
Напомена: Батеријата се испорачува делумно
наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред
првата употреба ставете ја на полнач додека не се
наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот
при полнењето не ѝ наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку се
испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со
помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не
се движи веќе.
u По автоматското исклучување на електричниот
алат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Вадење на батеријата (види слика A)
Батеријата (9) има два степени на блокирање, што
спречуваат, да испадне батеријата при невнимателно
притискање на копчето за отклучување на батеријата
(11). Се додека е вметната батеријата во електричниот
уред, таа се држи во позиција со помош на пружина.
За да ја извадите батеријата (9) притиснете на копчињата
за отворање (11) и извлечете ја батеријата од
електричниот алат. Притоа не употребувајте сила.
Приказ за наполнетост на батеријата
Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост
на батеријата(16) ја покажуваат состојбата на
наполнетост на батеријата(9). Од безбедносни причини,
состојбата на наполнетост на батеријата може да ја
проверите само доколку електричниот алат е во
мирување.
Притиснете го копчето за приказ за наполнетост (15), за
да се прикаже состојбата на наполнетост на батеријата.
Ова исто така е возможно и со извадена батерија.
Доколку по притискањето на копчето за приказ за
наполнетост (15) не свети LED светилка, батеријата е
дефектна и мора да се замени.
1 609 92A 4V5 | (13.11.2019) Bosch Power Tools

Questions and Answers:

Question and Answer IconNeed help?

Do you have a question about the Bosch GSR Series and is the answer not in the manual?

Bosch GSR Series Specifications

General IconGeneral
Chuck TypeKeyless
Battery TypeLi-Ion
Power SourceCordless
Battery Voltage12V or 18V (depending on model)
Chuck Size10mm or 13mm (depending on model)
Torque Settings20+1 (depending on model)

Related product manuals