Македонски | 393
Дигитален ласерски мерен
уред на далечина
GLM 100-25 C GLM 150-27 C
Макс. јачина на испраќање 8mW 8mW
A) При мерење од предниот раб на мерниот уред, за висока рефлексија на целта (на пр. бел
варосан ѕид) важи слаба осветленост на позадината и оперативна температура од 25°C;
дополнително се пресметува отстапување зависно од растојанието од ±0,05mm/m.
B) При мерење од предниот раб на мерниот уред, за висока рефлексија на целта (на пр. бел
варосан ѕид) важи силна осветленост на позадината и оперативна температура од 25°C и
големи висини. Дополнително, може да се пресмета отстапување од ±0,15mm/m во
зависност од растојанието.
C) Во функцијата Континуирано мерење, макс. оперативна температура изнесува +40 °C.
D) Настануваат само неспроводливи нечистотии, но повремено се очекува привремена
спроводливост предизвикана од кондензација.
E) При 25 °C оперативна температура. Време на полнење со 1A-USB-полнач. Брзо полнење
при исклучен мерен уред.
F) Дополнителни технички податоци може да најдете на:
https://www.bosch-professional.com/ecodesign
G) Кај Bluetooth® уредите со ниска енергија, во зависност од моделот и оперативниот систем не
е возможно воспоставување на врската. Bluetooth® уредите мора да го поддржуваат GATT-
профилот.
За јасна идентификација на Вашиот мерен уред служи серискиот број(16) на спецификационата
плочка.
Вметнување/менување на батеријата
GLM 100-25 C
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од
еден производител и со ист капацитет.
Притоа внимавајте на половите според приказот на внатрешната страна од
преградата за батерии.
u Доколку не сте го користеле мерниот уред подолго време, извадете ги
батериите од него. Доколку се подолго време складирани, батериите може да
кородираат и да се испразнат.
Bosch Power Tools 1 609 92A 7CC | (11.02.2022)