Македонски | 395
Вклучување/исклучување
Притиснете го копчето , за да го вклучите мерниот уред и ласерот.
Мерниот уред може да го вклучите и без ласерот така што ќе го притиснете
копчето .
Држете го копчето притиснато за да го исклучите мерниот уред.
Вредностите и поставките на уредот остануваат зачувани во меморијата.
Камера
Притиснете го копчето / , за да ја вклучите или исклучите камерата.
По исклучување на мерниот уред, избраната состојба останува зачувана.
За поголеми растојанија (околу >5m), дополнително се прикажува ознака за цел за
означување на мерната точка.
За дополнителни информации посетете го онлајн упатството за користење:
www.bosch-pt.com/manuals
Процес на мерење
По вклучувањето, мерниот уред се наоѓа во функција на должинско мерење.
Како референтно ниво за мерење, по вклучувањето, е избран задниот раб на
мерниот уред. Може да го промените референтното ниво. (види „Бирање на
референтно ниво“, Страница396)
Поставете го мерниот уред на саканата стартна точка на мерење (на пр. ѕид).
Притиснете го копчето за да го започнете мерењето.
По процесот на мерење ласерскиот зрак ќе се исклучи. За друго мерење повторете ја
оваа постапка.
Измерените вредности и крајните резултати може да се собираат или одземаат.
Кога постојаниот ласерски зрак е вклучен и во функцијата на континуирано мерење,
мерењето започнува веднаш по првото притискање на копчето .
Вклучениот постојан ласерски зрак по мерењето не се исклучуваПостојан ласерски
зрак.
За дополнителни информации посетете го онлајн упатството за користење:
www.bosch-pt.com/manuals
Bosch Power Tools 1 609 92A 7CC | (11.02.2022)