EasyManua.ls Logo

Bosch Tronic 4000 T - Важни Информации; Инсталација (Само За Овластени Изведувачи); Испуштање На Апаратот По Долг Период На Неупотреба (Повеќе Од 3 Месеци); Кодови За Грешка На Приказот

Bosch Tronic 4000 T
308 pages
Go to English
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
Инсталација (само за овластени изведувачи)
Tronic 4000 T – 6721843807 (2022/06)
164
4.8 Кодови за грешка на приказот
Во случај на абнормална работа на апаратот, кодот за
грешка ќе трепка со симбол за грешка на екранот.
Сл. 7 Пример за грешка
За повеќе информации видете ја табелата 7
на страница 172.
4.9 Функција за термичка дезинфекција
Апаратот е опремен со автоматска функција за термичка
дезинфекција.
Функцијата за термичка дезинфекција го намалува ризикот
за развој на легионела како резултат на водата што се топли
во апаратот над 65 °C.
Сè додека апаратот е правилно инсталиран и функционира
и без разлика на избраниот режим, процесот постојано ќе ја
надгледува температурата на водата. Во случај на
небезбедни услови кои би можеле да предизвикаат развој
на бактерии, процесот во заднина автоматски ќе ја загрева
водата над 65 °C.
4.10 Испуштање на апаратот по долг период на
неупотреба (повеќе од 3 месеци)
Водата во внатрешноста на апаратот треба да се замени во
случај на неупотреба подолг временски период
(повеќе од 3 месеци).
Исклучете го апаратот од електричната мрежа.
Целосно испразнете го апаратот.
Полнете го апаратот додека се испушта вода од
славините за топла вода.
Затворете ги славините за топла вода.
Поврзете го апаратот во електричната мрежа.
нсталација
(само за овластени изведувачи)
5.1 Важни информации
Инсталирањето, електричното поврзување и првичното
пуштање во работа се постапки што смеат да ги изведуваат
само квалификувани лица.
За да се осигура правилна инсталација и работа на апаратот,
придржувајте се кон сите регулативи, технички упатства и
применливи национални и регионални директиви.
ВНИМАНИЕ
Ризик од материјална штета!
Ризик од непоправливо оштетување на апаратот.
Извадете го апаратот од амбалажата само кога ќе биде
доставен до локацијата за инсталација.
Никогаш не потпирајте го апаратот на приклучоците
за вода.
Ракувајте со апаратот внимателно.
Секогаш кога е применливо, инсталацијата на апаратот
и/или електричните додатоци мора да го исполнуваат
стандардот IEC 60364-7-701.
ВНИМАНИЕ
Ризик од материјална штета!
Ризик од оштетување на грејните елементи.
Прво поврзете ја водата и наполнете го апаратот.
Потоа приклучете го апаратот во штекер за кој сте
сигурни дека е заземјен.
0010032053-001

Table of Contents

Related product manuals