EasyManua.ls Logo

Braun Silk-epil 7 - Page 35

Braun Silk-epil 7
58 pages
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
35
Епилација на нозе:
Растегнувајќи ја кожата, движете го
апаратот со бавни, постојани движења,
без притисок во спротивна насока на
растењето на влакната.
Бидејќи влакната растат во различни
насоки, подобро да го насочувате апа-
ратот во различни насоки за да пости-
гнете најдобри резултати.
Епилација на чувствителните области:
За под пазувите и бикини зоната, упот-
ребувајте го капачето за епилирање
(1) што е наменето за чувствителни
делови.
Пред епилација, темелно исчистете ја
соодветната област за да се отстранат
остатоците (како дезодоранс). Држете
ја раката крената за кожата да биде
затегната и насочете го апаратот во
различни насоки. Бидејќи кожата може
да биде чувствителна по епилацијата,
одбегнувајте употреба на средства што
може да ја иритираат, како дезодоранси
со алкохол.
Ве молиме бидете свесни дека посебно
во почетокот, овие области се чувстви-
телни на болка. Затоа Ве советуваме
да ја одберете првата брзина за првите
неколку употреби. Со повторна упот-
реба, болката ќе исчезне.
C Одржување на апаратот во
добра форма
a Чистење со вода
После секоја влажна употреба, темелно
исчистете го апаратот со вода за да се
обезбеди целосна ефикасност.
Отстранете го капачето за измазнување
(2) и исчистете го со млаз топла вода.
Држете го апаратот со главата за епили-
рање под млаз вода и вклучете го за
кратко време.
Потоа притиснете го копчето за ослобод-
ување (9) за да ја отстраните главата на
епилаторот.
Темелно истресете ги главата на епилато-
рот и апаратот за да бидете сигурни
дека нема повеќе вода. Отстранете го
нелизгачкиот дел и оставете ги сите
делови да се сушат. Пред повторно вклучу-
вање, бидете сигурни дека сите делови
се суви.
После поставувањето на главата на
епилаторот и капачето за измазнување,
треба да го нанесете заштитното капаче
(1) за сечилото.
b Чистење со четката
Ако сте го употребувале апаратот во
суви услови, може да биде доволно да
го чистите само со четката. Темелно
исчистете ги пинцетите од задната страна
на главата на епилаторот со четката
натопена во алкохол. Додека го правите
ова, тргнете го елементот со пинцетите
рачно. Овој начин на чистење овозможува
најдобри хигиенски услови за главата на
епилаторот.
c Замена на капачето за
измазнување
Капачето за измазнување (2) е обезбе-
дено со лубрилента (2b). Со тек на време
таа станува бела, што значи дека веќе
сечилото е тапо. Ова значи дека е време
да се замени капачето за измазнување.
Бидејќи лубрилентата е растворлива во
вода, капачето за измазнување треба да
се стави во сува средина и не треба да се
остави во мијалник со лицето надолу.
За да обезбедите максимална ефикасност,
заменете го капачето за измазнување
после 12 употреби, кога лубрилентата
станува бела или кога сечилото работи
потешко.
96824903_SE7-751_CEEMEA_S6-60.indd 3596824903_SE7-751_CEEMEA_S6-60.indd 35 06.05.14 09:4206.05.14 09:42
CSS APPROVED Effective Date 19May2014 GMT - Printed 06Aug2014 Page 35 of 60

Other manuals for Braun Silk-epil 7

Related product manuals