92
Општи информации за епилирањето
Сите методи за отстранување на влакната
од корен доведуваат до растење на
поткожни влакна и иритација (на пример
чешање, неудобност и зацрвенување на
кожата) зависно од состојбата на кожата
и влакната. Ова е нормална реакција и
обично исчезнува брзо, но може да биде
поинтензивно кога ги отстранувате
влакната од корен првите неколку пати
или доколку имате чувствителна кожа.
Доколку после 36 часа кожата сеуште е
иритирана, ве советуваме да се консул-
тирате со вашиот дерматолог.
Општо земено, реакцијата на кожата и
чувството на болка исчезнуваат со посто-
јана употреба на Silk·épil.
Во некои случаи воспалението на кожата
се појавува доколку некоја бактерија
навлезе во кожата (на пример, кога го
лизгате апаратот по кожата). Длабинското
чистење на епилациската глава пред
употреба го минимализира ризикот од
инфекција.
Доколку имате какви било сомнежи за
употребата на овој апарат, ве молиме
консултирајте дерматолог. Во следниве
случаи би требало да консултирате
дерматолог пред да го употребите
апаратот:
– егземи, рани, воспалени кожни реакции
како на пример фоликулит (загноени
фоликули на влакната), проширени
вени,
– околу младежите
– намален имунитет на кожата, на пример
диабетис, за време на бременост,
Рејнолдова болест, хемофилија,
кандида или недоволен имунитет.
Неколку корисни совети
Доколку претходно не сте употребувале
епилатор, или ако не сте се епилирале
подолг временски период, можеби ќе
треба да помине кратко време додека
кожата се адаптира на епилација.
Неудобноста која ќе ја почувствувате на
почетокот, ќе се редуцира со континуира-
ната употреба, заради тоа што кожата се
адаптира на овој процес.
Епилацијата е наједноставна и поудобна
кога влакната се од 2 до 5мм долги.
Доколку влакната се подолги, ви препо-
рачуваме најпрво да се избричите и да ги
издепилирате пократките влакненца, кои
ќе подпораснат, што значи дека во овој
случај, треба да се епилирате после
првата или втората недела.
Доколку се епилирате првпат, препора-
чливо е да се епилирате од вечер, за да
може да исчезне какво било црвенило
за време на ноќта. За да ја опуштите
кожата ви препорачуваме да нанесете
хидратантна крема по епилацијата.
Може да се случи да влакната кои
израснуваат меки, да не ја пробијат
кожата и излезат на нејзината површина.
Редовната употреба на масажни сунѓери
(на пример по туширањето) или пак
пилингот на мртвите фоликули го
спречуваат внатрешното растење на
влакната. Тоа се случува заради тоа што
со пилингот се отстранува горниот слој на
кожата и меките влакна можат да излезат
на површината на кожата.
Опис:
1а Масажен систем
1b Efficiency cap
2 Епилациска глава
98902078_SE7681WD_CEE.indd 9298902078_SE7681WD_CEE.indd 92 30.07.2009 10:19:39 Uhr30.07.2009 10:19:39 Uhr