95
Заштита од прегорување
Како безбедносна мерка од несакани
последици, односно прегорување на
апаратот, може да се случи самиот
апарат автоматски да се исклучи и
сијаличките да светкаат (црвено/зелено).
Во овој случај, вратете го копчето за
вклучување на «0», и оставете го
апаратот да се излади.
6 Чистење на епилациската глава
Пред чистењето, исклучете го апаратот.
Редовното чистење на апаратот обез-
бедува подобра изведба.
a Чистење на четката:
Отстранете го капачето, и исчистете го.
Темелно исчистeте ги пинцетите од
внатрешната страна на епилациската
глава со четка која претходно сте ја
натопиле во алкохол. Додека ја чистите
главата, рачно вртете го и делот со
пинцетите. Овој метод на чистење Ви
обезбедува најдобри хигиенски услови
за одржување на епилациската глава.
b Чистење под млаз вода:
Отстранете го капачето.
Поставете ја епилациската глава под
млаз вода. Потоа притиснете го копчето
за ослободување (6) со цел да ја
отстраните епилациската глава (2).
Темелно истресете ги и епилациската
глава и апаратот за да го исцедите
остатокот од водата. Оставете ги двата
дела да се исушат. Пред да ги споите
осигурајте се дека се комплетно суви.
B Употреба на додатокот/
главата за бричење
а Opti Trim чешел
b Подлога за бричење
c Машинка за поткастрување
d Копчиња за ослободување
e Опција за поткастрување/бричење
f Дел за сечење
g База за главата на бричот
Бричење
Наместете го делот за бричење (10) со
едноставно кликнување на него.
Со притиснувањето на еден од
копчињата за заклучување, свртете го
копчето за вклучување на позиција «2».
Бидете сигурни дека «trim/shave»
регулаторот е на позиција «shave».
За најдобри резултати, секогаш треба
да се осигурате дека подлогата за
бричење (b) и делот за поткастрување
(c) се во контакт со кожата (А).
Одржувајќи ја вашата кожа
истегната(B), полека движете го
апаратот во спротивна насока од
насоката на растење на влакната.
Делот за поткастрување најпрво ги
собира сите долги влакна и ги сече.
Тогаш флексибилната фолија го следи
овој дел и се грижи за тоа кожата да
остане нежна и да ги отстрани сите
снопчиња влакна.
Кога се бричите или поткаструвате на
чувствителните области, гледајте
кожата секогаш да ви биде истегната
со цел да ги избегнете повредите.
Потстрижување/обликување на
влакната
За прецизно потстрижување, обликување
на линиите и контурите, подесете го
•
•
•
•
•
98902078_SE7681WD_CEE.indd 9598902078_SE7681WD_CEE.indd 95 30.07.2009 10:19:40 Uhr30.07.2009 10:19:40 Uhr