4. ЦЕВКОВОД ЗА ЛАДЕЊЕ 5. ЖИЧЕНА ИНСТАЛАЦИЈА
Минимална должина за да се намалат
необичните вибрации и бучавата
Дополнително полнење по метар
Страна со течност: Ø6,35 mm
Страна со течност: Ø9,52 mm
* Користете алати за системот R410A.
ЗАБЕЛЕШКА
• Продолжената должина на цевката ќе влијае на капацитетот и енергетската ефикасност на единицата.
• Номиналната ефикасност е тестирана врз основа на должина на цевката од 5 метри.
• Кога должината на цевката е над 5 метри, треба да се додаде дополнителен фреон во зависност од должината на цевката.
• Максималната должина на цевката е препорачана подолу.
Макс. должина на цевката (m)
Макс. разлика во висина (m)
* Користете алати за системот R410A.
● Поврзете го цревото за полнење од многукратниот мерач со сервисниот приклучок на вентилот за гас.
● Поврзете го цревото за полнење на излезот на вакуум пумпата.
● Целосно отворете ја рачката Lo на повеќекратниот мерач
● Вклучете ја вакуум пумпата за да се евакуира воздухот од системот до -76 cmHg.
● Затворете ја рачката Lo на повеќекратниот мерач
● Целосно отворете ја дршката на компактните вентили.
● Извадете го цревото за полнење од сервисниот приклучок.
● Цврсто стегнете ги капачињата на компактните вентили.
Откако работата со цевките е завршена, бидете сигурни да го проверите делот со поврзувањето од секоја цевка за ладење
и да потврдите дека не постои истекување на гас, со примена на вода со сапуница на нив или со користење на детектор
за течење специфичен за HFC фреони. Погледнете ја сликата подолу за илустрација.
A: Вентил за стопирање низок притисок B: Вентил за стопирање висок притисок C и D: Навртки за лемење на внатрешната единица
■ Сите електрични поврзувања мора да се вршат од страна на квалификувани монтери и целата електрична инсталација
мора да биде поврзана во согласност со дијаграмот за електрична инсталација.
■ Направете заземјување пред сите други електрични приклучоци.
■ Сите извори на енергија мора да бидат исклучени пред извршување на електричната инсталација и не вклучувајте
ја струјата додека не сте сигурни дека сите жици се проверени за безбедност.
■ Мора да биде инсталиран главен прекинувач и прекинувач на струјниот круг или осигурувач, а капацитетот треба
да биде 1,5 пати над максималната струја во кругот.
■ Мора да се достапни посебен струен круг и еден приклучок, кои ќе се користат само за овој уред.
■ Пресекот на жица е во зависност од номиналната вредност на струјата и националните, државните и локалните
норми за електрична инсталација.
Погледнете ги кодовите на локалните згради и Националниот електричен кодекс за посебните барања.
■ Ако приклучниот кабел е оштетен, мора да биде заменет од страна на производителот, овластен сервисер
или соодветно квалификувани лица со цел да се избегне опасност.
■ Уредот мора да биде поврзан со главното напојување со помош на прекинувач на струјниот круг или со прекинувач
со раздвоен контакт од најмалку 3 mm во сите полови. Се препорачува монтажа на заштитен уред за диференцијална
струја (RCD), кој има номинален остаток од оперативната струја што не надминува 30 mA.
■ Овој уред вклучува заземјување само за функционална намена.
■ Номинална струја на секој модел
Влезна жица
за напојување
(со мин. пресек)
Кабел
за поврзување
(со мин. пресек)
5*1,5 mm
2
5*1,5 mm
2
5*2,5 mm
2
ЗАБЕЛЕШКА:
1. Сите електрични жици мора да имаат големина во согласност со националните, државните и локалните норми за електрично
поврзување. Погледнете ги локалните норми за градба и националниот електричен кодекс за посебни барања.
2. Надворешниот кабел за напојување и кабелот за меѓусебно поврзување треба да бидат од типот H07RN-F.
3. Номиналната струја на апаратот е означена на плочката со името.
■ Дијаграм за поврзување
Кон внатрешен простор Влез на напојување
Повеќекратен вентил
Мерач на притисок Составен мерач
-76 cmHg
Рачка Lo
Црево за полнење
Рачка Hi
Црево за полнење
Вакуум пумпа
Компактен вентил
Точка за проверка на внатрешната единица
Точка за проверка на надворешната единица
M K