EasyManua.ls Logo

Carrier 42QHC024DS series - Page 50

Carrier 42QHC024DS series
99 pages
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ
14
13
Упатства, совети и предупредувања
Следново може да се случи во текот на нормалното работење и може да не укажува на дефект.
Случај
Објаснување
Ладењето или греењето е одложено
Доцнењето од 3 минути го штити компресорот.
Брзината на вентилаторот се менува - исклучен,
многу бавно и потоа нормално
Автоматски се случува во режим на греење - спречува ладен воздух
да дува кон луѓето.
Греењето запира наеднаш и трепка светилката
за одмрзнување
Во тек е отстранување на мразот од надворешната единица (5 10 мин. ).
Магла излегува од внатрешната единица
Може да се случи кога температурата на уредот е ниска, а собниот
воздух е топол и влажен.
Клима уредот испушта тивки звуци
„Свиркање“: нормално - притисокот на гасот се изедначува кога
компресорот запира или се стартува.
„Крцкање“: нормално ширење и стеснување на пластичните и металните
делови.
Брзо дување на воздух - нормално кога перката се враќа на својата
позиција.
Испуштање прашина од единицата
Може да се случи кога клима уредот се користи за прв пат или пак не бил
користен подолго време.
Емитува чудна миризба
Најчесто е предизвикана од хемикалии, чад од цигари, готвење итн.
Ако ова не е случај кај вас, јавете се кај вашиот соодветен изведувач.
Промени на вентилаторот само за време
на ладење или греење
Собната температура е иста како избраната со далечинскиот управувач.
Ако ова не е случај кај вас, јавете се на соодветен изведувач.
Лошо греење
Може да се случи кога надворешната температура е блиску до или под
нула степени целзиусови.
Ако ова не е случај кај вас, јавете се на соодветен изведувач.
Автоматски се вклучува
Нормално кога струјата се враќа по прекин на истата.
Работењето е непостојано, непредвидливо
или не реагира
Пречки од предаватели за мобилна телефонија и засилувачи
за далечинско управување може да предизвикаат уредот да се расипе.
Исклучете ја струјата и повторно поврзете го.
Притиснете на копчето ON/OFF на далечинскиот управувач
за да го рестартирате работењето.
Ако проблемот не се реши јавете се на соодветниот изведувач.
Повеќесистемскиот клима уред не може да биде во различни режими на работа во исто време, како на пример едната единица
да биде во режим „COOL“, а другата во режим „HEAT“.
Кога се извршуваат различни работи, ќе му се даде приоритет на режимот „HEAT“.
Внатрешната единица што работи во режимот „COOL“ или „FAN” ќе запре и ќе прикаже „P5“.
ПРОБЛЕМ
ВЕ МОЛИМЕ ПРВО ПРОВЕРЕТЕ!
Уредот не работи
• Дали има прекин на напојување?
• Дали прекинувачот е исклучен, дали струјниот круг е прекинат или е прегорен осигурувач?
• Дали батериите во далечинскиот управувач се нови?
• Дали часовникот и тајмерот на далечинскиот управувач се точно поставени?
Недоволно
ладно/топло
• Дали поставките за температурата и режимот се точни?
• Дали филтрите за воздух се чисти?
• Дали прозорците и вратите се затворени?
• Дали протокот на воздух е неограничен на влез и излез од внатрешните и надворешните единици?
• Дали брзината на вентилаторот е поставена на високо и перката овозможува максимален проток?
УРЕДОТ НЕ РАБОТИ КАКО ШТО ТРЕБА?
• Забележете го бројот на моделот на производот,
• Контактирајте го соодветниот изведувач,
• Споделете ги сите забележани детали!
Во случај на кој било од следниве проблеми, исклучете го уредот веднаш!
• Струјниот кабел е оштетен или ненормално топол.
• Се чувствува мирис на изгорено.
• Се слушаат гласни или ненормални звуци.
• Пукне електричен осигурувач или струјното коло често се прекинува.
• Вода или други предмети паѓаат во или надвор од единицата.
• Индикаторите трепкаат постојано.
• Се прикажува кодот за самодијагностика, на пр., E0, E1, E2 … или P0, P1, P2… итн.
НЕ ОБИДУВАЈТЕ СЕ САМИ ДА ГИ ПОПРАВИТЕ ОВИЕ ЕЛЕМЕНТИ!
КОНТАКТИРАЈТЕ СО СПЕЦИЈАЛИЗИРАН СЕРВИСЕР!
ПРЕТПАЗЛИВОСТ
M K

Other manuals for Carrier 42QHC024DS series

Related product manuals