53
За да го вклучите уредот, притиснете го и држете го копчето за
вклучување/исклучување 2-3 секунди. Штом ќе почувствувате мала
вибрација, пуштете го копчето за вклучување/исклучување.
Забелешка: При првото вклучување, ќе ви биде побарано да го следите
волшебникот за вклучување. Мора да се најавите или да создадете
сметка на Google за да ги користите услугите и апликациите на Google.
Овој уред има сертификат со класа
на заштита IP68. Тоа значи дека
телефонот е потполно заштитен
од прашина и вода на длабочина
од 2 метра (или 5 метри ако
прекинувачите се поставени на 5 м)
за 1 час или помалку.
За да гарантираме дека уредот ќе
го исполни ова ниво на заштита,
капаците на отворите (УСБ,
слушалки и СИМ/СД) мора да бидат
добро затворени. Ако уредот се
замрзне од која било причина, има
копче за ресетирање под капакот
за СИМ/СД. Притиснете игла
во отворот 5 секунди.
Уредот не е дизајниран да биде
под вода долг период. Гаранцијата
не го покрива оштетувањето од
вода што настанало како резултат
на недоволно добро затворени
капаци.
Овој уред е издржлив во дизајнот,
но не е неуништлив. Тестиран е на
паѓање до 1.8 метри при нормална
употреба. Намерната злоупотреба
на уредот може да предизвика
оштетување и да ја поништи
гаранцијата.
ВКЛУЧУВАЊЕ И ИСКЛУЧУВАЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
БЕЗБЕДНОСТ
Безбедносни мерки:
• Ако имате медицински инпланти, држете го мобилниот телефон
15 см подалеку од инплантот или пејсмејкерот. Не носете го уредот
во предниот џеб.
• Исклучете го уредот во области со потенцијално експлозивна
атмосфера и постапувајте погласно со сите упатства.
Безбедност во сообраќајот:
Избегнувајте да го користите уредот додека управувате со возило. Ваша
одговорност е да возите безбедно.
Заштита од оштетување на слухот:
За да спречите можно оштетување на слухот, не слушајте со голема
јачина на звукот подолго време.
Безбедност за децата:
Чувајте ги мобилниот телефон и дополнителната опрема подалеку
од мали деца. Не оставајте децата да го користат мобилниот телефон
без надзор. Деловите се опасност од задушување.
Општи информации
Целото упатство за корисникот и целосните услови и одредби што
се однесуваат на гаранцијата за телефонот на Cat® може да ги најдете
на адресата до страницата за поддршка дадена подолу.
Детали за контакт при барање поддршка за телефонот наCat®:
Веб-страница: www.catphones.com/support
Е-пошта: support@catphones.com
ПОДДРШКА ЗА ТЕЛЕФОНОТ НАCAT®