99
Приспособување на висината
По пат на истовремено притискање на долниот и влечење на горниот прилагодувач
на висината.
Приспособување на дополнителниот држач
Поставете ја алатката за сечење трева на подот. Разлабавете ги шрафовите (6) и
приспособете ја оптималната положба на дополнителниот држач. Држачот се
фиксира со затегнување на шрафовите.
Агол на главата на алатката за сечење
Аголот на главата на алатката за сечење може да се приспособи на три позиции.
Прво со ногата притиснете го механизамот за приспособување на аголот (11).
Профилот за управување можете да го приспособите на саканиот агол (Слика 5).
За да се фиксира аголот, испуштете го механизамот за приспособување на аголот и
блокирајте го профилот за управување.
Рачка за ослободување на кабелот
За подобро да го прицврстите приклучокот на мрежниот кабел, во мрежниот
кабел (продолжниот кабел) направете јамка и закачете ја на држачот за кабел. По
успешното прицврстување поврзете го кабелот со приклучокот (Слика 6).
Алатка за косење трева како уред за косење на рабовите
За да ги искосите рабовите на тревникот и на леите, алатката за косење трева може
да се пренамени на следниов начин:
• Извлечете го мрежниот приклучок.
• Свртете го држачот за 180° на лево до позиција на блокирање.
• На овој начин имате можност алатката за косење трева да ја користите како уред
за косење на рабовите.
Одржување и нега
За алатката за косење трева не е потребно тековно одржување за подолг период. За да
се постигне подолг период на експлоатација препорачуваме редовни контроли и нега.
Внимание! Пред секоја поправка потребна е безнапонска состојба на алатката
за косење трева; затоа извлечете го мрежниот приклучок од дозната.
• Нечистотиите треба редовно да се отстрануваат од заштитниот капак. Најдобро е
чистењето да се прави со фина четка или со крпа.
• За чистењето на пластиката не користете корозивни средства.
• Не мијте ја со вода алатката за косење трева. Внимавајте во уредот да не навлезе
вода.
1183809 E-Flor RT 550.indd 99 10.10.12 08:42