EasyManua.ls Logo

Electrolux LRS4DF18S - Page 43

Electrolux LRS4DF18S
80 pages
Print Icon
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
Секогаш користете правилно
монтиран штекер отпорен на
струјни удари.
Внимавајте да не ги оштетите
електричните компоненти (на пр.
приклучокот за струја, кабелот,
компресорот). Контактирајте со
Овластениот сервисен центар или
со електричар за да ги смени
електричните компоненти.
Кабелот за струја мора да стои под
нивото на приклучокот.
Поврзете го приклучокот за струја
со штекерот на крајот од
монтажата. Проверете дали
приклучокот за струја е пристапен
по монтирањето.
Не влечете го кабелот за да го
исклучите апаратот од струја.
Секогаш повлекувајте го
приклучокот за струја.
2.3 Употребa
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од повреда,
изгореници, струен удар
или пожар.
Апаратот содржи запаллив гас,
изобутан (R600a), природен гас со
високо ниво на компатибилност со
околината. Внимавајте да не гo
оштетите водот за ладење кој содржи
изобутан.
Не менувајте ја спецификацијата на
овој апарат.
Секое користење на вградениот
производ како самостоен е строго
забрането.
Не ставајте електрични апарати (на
пример, апарати за правење
сладолед) во апаратот, освен ако
производителот не навел дека е
применливо.
Ако дојде до оштетување на
ладилното коло, проверете дали во
просторијата има пламен и извори
на палење. Проветрете ја
просторијата.
Не дозволувајте жешки предмети
да ги допрат пластичните делови
на апаратот.
Не чувајте запалив гас и течност во
апаратот.
Не ставајте запаливи производи
или предмети кои се мокри заедно
со запаливи производи во
апаратот, или во негова близина.
Не ги допирајте компресорот или
кондензаторот. Тие се жешки.
2.4 Внатрешна светилка
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од струен удар.
Овој производ содржи извор на
светлина од класа на енергетска
ефикасност F.
Во однос на светилите во
внатрешноста на овој производ и
резервните светилки што се
продаваат посебно: Овие светилки
се предвидени да издржат
екстремни физички услови во
апаратите за домаќинство, како што
се температура, вибрации,
влажност или се предвидени за
давање сигнали за работната
состојба на апаратот. Тие не се
предвидени да се користат за други
намени и не се погодни за
осветлување простории во домот.
2.5 Нега и чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од повреда или
оштетување на апаратот.
Пред одржувањето, исклучете го
апаратот и исклучете го кабелот од
штекерот за струја.
Апаратот содржи јаглеводороди во
уредот за ладење. Само
квалификувано лице смее да го
одржува апаратот и повторно да ја
полни единицата.
Редовно вршете проверка на
одводот на фрижидерот и ако е
потребно исчистете го. Ако одводот
е блокиран, ќе се собира одмрзната
вода на дното на апаратот.
2.6 Сервис
За да го поправите апаратот,
контактирајте со овластениот
МАКЕДОНСКИ 43

Related product manuals