21
4.11. Полнење со средство за плакнење и поставки
За да ја наполните преградата за средство за плакнење, отворете го капачето.
Наполнете ја преградата со средството до нивото означено со MAX и потоа затворете ја.
Внимавајте да не ја преполните преградата и избришете доколку се претури.
За да го смените нивото за средството за плакнење, следете ги чекорите долу пред
да ја вклучите машината:
• Свртете го кочето во позиција „Off“.
• Притиснете го копчето „Start/Pause“ и држете го притиснато.
• Свртете го копчето за еден чекор во насока на часовникот.
• Држете го копчето „Start/Pause“ додека не трепнат двапати ЛЕД светилките.
• Машината ќе ја прикаже тековната поставка.
• Поставете го нивото со притискање на копчето „Start/Pause“.
• Свртете го кочето во позиција „Off“ за да се зачува поставката.
Фабрички е поставено на „4“.
Ако садовите не се сушат соодветно или ако имаат дамки, зголемете го нивото. Доколку
забележите сини дамки на садовите, намалете го нивото.