163
За повеќе помош
Сакате да го добиете упатството за корисници?
Побарајте го и преземете го Упатството за
корисници од
consumer.huawei.com/en/.
Сакате да дознаете повеќе за Huawei Emotion UI?
Посетете ја en.ui.vmall.com за најновите
информации.
Безбедносни информации
Пречки во медицинската опрема
Производителите на пејсмејкери препорачуваат
да се одржува најмало растојание од 15 см меѓу
уредот и пејсмејкерот за да се спречат
потенцијални пречки на пејсмејкерот. Ако
користите пејсмејкер, користете го уредот од
спротивната страна на пејсмејкерот и не го носете
уредот во предниот џеб.
Заштита на слухот при користење на
слушалката
За да се спречи можно оштетување на слухот, не
се изложувајте на голема јачина на звукот подолг
временски период.
Средина за работа
Идеални температури за работа се 0 °C до 35 °C.
Идеални температури за чување се 0 °C до 45 °C.
Екстремна топлина или студ може да го оштети
уредот или дополнителната опрема.