165
Намалување на штетни супстанции
Овој уред е во согласност со Регулативата за
регистрација, евалуација, авторизација и
рестрикција на хемиски супстанции (REACH)
[Регулатива (EЗ) Бр. 1907/2006] и преработениот
текст на Директивата за рестрикција на
употребата на одредени опасни супстанции
(RoHS) (Директива 2011/65/EУ). Батериите
(доколку се вклучени) се во согласност со
Директивата за батерии (Директива 2006/66/EЗ).
За најнови
информации за усогласеноста со
REACH и RoHS посетете ја веб-страницата
www.huaweidevice.com/certification.
Усогласеност со прописите на ЕУ
Работа при носење на тело
Уредот е усогласен со спецификациите за
радиофреквенции кога уредот се користи близу
увото или на оддалеченост од 1.5 см од телото.
Внимавајте дополнителната опрема на уредот,
како што се кутијата и футролата, да не е
направена од метални делови. Држете го уредот
подалеку од телото во согласност за барањето за
оддалеченост.
Информации за сертификатот (SAR)
Овој уред ги исполнува упатствата за изложување
на радиобранови.
Уредот е радио-примопредавател со мала
моќност. Како што е препорачано со
меѓународните упатства, уредот е конструиран
така што не ги надминува ограничувањата за
изложеност на радиобранови. Овие упатства се
изготвени од Меѓународната комисија за заштита
од нејонизирачки зрачења (ICNIRP), независна
научна организација, и вклучуваат безбедносни