EasyManua.ls Logo

Huawei B818-263 - Page 180

Huawei B818-263
225 pages
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
Откако насочувачот ќе се поврзе на мобилната податочна мрежа, може да го поврзете компјутерот или
мобилниот телефон со мрежата Wi-Fi на насочувачот за да пристапите на интернет. Погледнете ја етикетата на
долниот дел од насочувачот за името (Wi-Fi Name) и лозинката (Wi-Fi Password) на стандардната мрежа Wi-Fi.
Кога сијаличката за Wi-Fi свети постојано, Wi-Fi е овозможено. За да овозможите или оневозможите Wi-Fi,
видете ја страницата за управување со насочувачот преку веб.
Не заборавајте веднаш да ги промените името и лозинката на мрежата Wi-Fi на страницата за
управување со насочувачот преку веб за да спречите неовластен пристап до мрежата Wi-Fi. Откако ќе ја
промените лозинката, треба да се поврзете повторно на мрежата Wi-Fi на насочувачот.
Управување со насочувачот
Може да управувате со насочувачот преку страницата за управување преку веб. Погледнете ја етикетата на
долниот дел од насочувачот за стандардните ИП-адреса, лозинка и друго.
Повеќе информации може да најдете на страницата за управување преку веб.
Не заборавајте веднаш да ја промените стандардната лозинка за најавување на страницата за
управување преку веб за да спречите неовластени корисници да ги променуваат поставките на
насочувачот.
Исто така, може да управувате со насочувачот преку апликацијата HUAWEI SmartHome. Скенирајте го QR-
кодот подолу за преземање.
Изборни конфигурации
Карактеристиките што се опишани во овој дел се само за информативна намена. Можно е насочувачот да не ги
поддржува сите овие карактеристики.
Поврзување повеќе уреди
Може да поврзете компјутер или фиксен телефон со насочувачот за да пристапите на интернет, да повикувате и
друго.
MAIN
DIV
LAN1
LAN2/WAN
TEL
Пристапување на интернет преку порта за етернет
Може да го поврзете насочувачот со порта за етернет монтирана на ѕид со користење на кабел за етернет за да
се поврзете на интернет.
Конфигурирајте ги соодветните поставки на страницата за управување преку веб пред да се поврзете на интернет
преку порта за етернет. За подетални информации, контактирајте со операторот.
178

Other manuals for Huawei B818-263

Related product manuals