Пред да го користите уредот, прегледајте го и преземете го најновото упатство за корисници од
https://consumer.huawei.com/mk/support/.
Вклучување и полнење
Кога првпат го користите компјутерот, само вклучете го во напојување и тој ќе се вклучи.
Кога повторно го вклучувате компјутерот, притиснете го и задржете го копчето за вклучување/исклучување
додека тастатурата не се осветли.
Компјутерот има вградена батерија на полнење и може да ја полните со користење на адаптерот и кабелот
за полнење што е доставен со него. Показателот трепка во бела боја текот на полнењето.
Принудно исклучување: притиснете го и задржете го копчето за вклучување/исклучување подолго од 10
секунди. Имајте предвид дека тоа ќе предизвика губење на сите незачувани податоци.
Информации за безбедност
•
За да спречите можно оштетување на слухот, не слушајте долг временски период со голема
јачина на звукот.
• Консултирајте се со доктор и со производителот на уредот за да определите дали користењето на
уредот може да влијае врз работата на вашиот медицински уред.
• Не користете го уредот на места каде што има прашина, влага или нечистотија, или во близина на
магнетно поле.
• Идеални температури: од 0 °C до 35 °C за работа, -10 °C до +45 °C за чување.
• При полнење, адаптерот треба да биде вклучен во штекер во близина што е лесно достапен. Користете
одобрени адаптери за напојување и полначи.
• Исклучете го полначот од електричниот штекер и од уредот ако уредот не се користи долго време.
• Чувајте ја батеријата подалеку од оган, прекумерна топлина и директна сончева светлина. Не ставајте ја
на или во уреди за затоплување. Не расклопувајте ја, не изменувајте ја, не фрлајте ја и не гмечете ја. Не
ставајте туѓи тела во неа, не потопувајте ја во течности и не изложувајте ја на надворешна сила или
притисок бидејќи тоа може да предизвика истекување, прегревање и запалување, па дури и да
експлодира.
• Не обидувајте се да ја заменувате батеријата самостојно – може да ја оштетите батеријата, а тоа може
да предизвика прегревање, пожар и повреда. Сервисирањето на вградената батерија во вашиот уред
треба да го врши Huawei или овластен давател на услуги.
Информации за фрлање и рециклирање
Симболот на производот, батеријата, литературата или амбалажата значат дека производите и
батериите треба да се однесат во посебни места за собирање отпад одредени од локалните власти по
крајот на работниот век. На тој начин ќе се обезбеди дека отпадот од електричната и електронската
опрема ќе се рециклира и ќе се третира на начин што ги зачувува вредните материјали и го заштитува
здравјето на луѓето и околината. За повеќе информации, контактирајте со локалните власти, продавачот
или службата за фрлање на отпадот од домаќинствата или посетете ја веб-локацијата
https://consumer.huawei.com/en/
.
Информации за изложеност на радиофреквенции
За земји што го прифаќаат ограничувањето за SAR од 2,0 W/kg над 10 грама ткиво. Уредот ги исполнува
спецификациите за RF кога се користи растојание од 0,0 cm од телото.
BoD-WDE9/BoD-WDH9/BoD-WDI9/BoD-WFE9/BoD-WFH9/BoD-WDE9Q/BoD-WDH9Q/BoD-WDI9Q/BoD-
WFE9Q/BoD-WFH9Q: Највисока пријавена вредност на SAR: SAR на тело: 0,54 W/kg.
NbD-WDH9/NbD-WDI9/NbD-WFE9/NbD-WFH9: Највисока пријавена вредност на SAR: SAR на тело: 0,99
W/kg.
Усогласеност со прописите на ЕУ
Ние, Huawei Device Co., Ltd. изјавуваме дека овој уред BoD-WDE9/BoD-WDH9/BoD-WDI9/BoD-WFE9/BoD-
WFH9/BoD-WDE9Q/BoD-WDH9Q/BoD-WDI9Q/BoD-WFE9Q/BoD-WFH9Q/NbD-WDH9/NbD-WDI9/NbD-WFE9/
NbD-WFH9 е во согласност со следниве Директиви: RED 2014/53/ЕУ, RoHS 2011/65/ЕУ, ErP 2009/125/EЗ.
Целиот текст на Декларацијата за усогласеност за ЕУ, деталните информации за ErP и најновите
информации за додатоци и софтвер се достапни на следнава интернет-адреса:
https://consumer.huawei.com/certication
.
Ограничувања во опсегот од 5 GHz:
20