49
4 Безбедносни информации
Заштита на слухот при користење на слушалката
За да се спречи можно оштетување на слухот, не
се изложувајте на голема јачина на звукот подолг временски
период.
Дополнителна опрема
Користењето на неодобрен или некомпатибилен адаптер за
напојување, полнач или батерија може да предизвика пожар,
експлозија или друга опасност.
Избирајте само дополнителна опрема одобрена за употреба
за овој модел од страна на производителот на уредот.
Користењето на други типови дополнителна опрема може да
доведе до поништување на гаранцијата, кршење на
локалните прописи и закони, и може да биде опасно.
Обратете се кај продавачот за повеќе информации околу
достапноста на одобрената дополнителна опрема во Вашиот
регион.
Средина за работа
Идеални температури за работа се 0°C до 35°C. Идеални
температури за чување се –40°C до 70°C. Екстремна топлина
или студ може да го оштети уредот или дополнителната
опрема.
Производителите на пејсмејкери препорачуваат да се
одржува најмало растојание од 15 см меѓу уредот и
пејсмејкерот за да се спречат потенцијални пречки на