EasyManua.ls Logo

Huawei P10 PLUS - Page 213

Huawei P10 PLUS
242 pages
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
209
векови. Тие не смеат да се фрлаат во нормалниот отпад
со ѓубрето од домаќинствата. Корисникот е одговорен да
ја фрли опремата на соодветно место или кај служба за
собирање за посебно рециклирање на отпадната
електрична и електронска опрема (WEEE) и батерии
според локалните закони.
Правилното собирање и рециклирање на опремата
помага да се обезбеди дека отпадот од електричната и
електронската опрема се рециклира на начин што ги
заштитува вредните материјали и го заштитува
здравјето на луѓето и околината. Неправилното
ракување, случајното кршење, оштетување и/или
неправилното рециклирање на крајот од работниот век
може да биде штетно за здравјето и околината. За
повеќе информации за тоа каде и како да го фрлате
отпадот од електричната и електронската опрема,
контактирајте со локалните власти, продавачот или
службата за фрлање на отпадот од домаќинствата или
посетете ја веб-локацијата
http://consumer.huawei.com/en/.
Намалување на штетни супстанции
Уредот и сите електронски додатоци се во согласност со
применливите локални правила за ограничување на
употребата на одредени штетни супстанции во
електрична и електронска опрема, како што се
прописите EU REACH, RoHS и Батерии (каде што се
вклучени) и др. За изјави за сообразност за REACH и
RoHS, посетете ја нашата веб-локација
http://consumer.huawei.com/certification.
Усогласеност со прописите на ЕУ
Работа при носење на тело
Уредот е усогласен со спецификациите за
радиофреквенции кога уредот се користи близу увото
или на оддалеченост од 0,50 см од телото. Внимавајте
дополнителната опрема на уредот, како што се кутијата
и футролата, да не е направена од метални делови.
Држете го уредот подалеку од телото во согласност за
барањето за оддалеченост.

Other manuals for Huawei P10 PLUS

Related product manuals