13
ЗАБЕЛЕШКА
tКористете завртки кои се наведени во спецификациите за VESA
стандардни завртки.
tКомплетот за монтирање на ѕид вклучува упатство за
инсталирање и неопходни делови.
tНосачот за прицврстување на ѕид е опционален. Дополнителна
опрема можете да набавите од вашиот локален продавач.
tДолжината на завртките може да се разликува во зависност од
носачот за на ѕид. Внимавајте да користите соодветна должина.
tЗа повеќе информации, погледнете во упатството испорачано
со носачот за на ѕид.
tПри монтирање на ѕид со носач, користете ја ознаката за
заштита. Ознаката за заштита ќе спречи собирање на прав
и нечистотии во отворот. (Само кога е испорачан елемент во
следната форма)
Испорачан елемент
Ознака за заштита
tКога на телевизорот прикачувате носач за монтирање на ѕид,
вметнете ги одбојните елементи во отворите за монтирање на
телевизорот на ѕид, за да го прилагодите вертикалниот агол на
телевизорот. (Само кога е испорачан елемент во следната форма)
Испорачан елемент
Одбојни елементи за
монтирање на ѕид
tВо зависност од обликот на држачот, користете рамен алат за
да го отстраните капакот на држачот како што е прикажано
на сликата подолу. (на пр. рамен шрафцигер)
(Само кога е
испорачан елемент во следната форма)
Рамен алат
Поврзувања (известувања)
Поврзувајте различни надворешни уреди со телевизорот и
менувајте ги режимите за влезен сигнал за да изберете надворешен
уред. За повеќе информации околу поврзувањето на надворешен
уред, погледнете во упатството испорачано со секој од уредите.
Достапни надворешни уреди се: HD ресивери, DVD плеери, VCR,
аудио системи, USB уреди за складирање, PC, уреди за игри и други
надворешни уреди.
ЗАБЕЛЕШКА
tПоврзувањето со надворешниот уред може да се разликува во
зависност од моделот.
tНадворешните уреди поврзувајте ги со телевизорот без оглед
на редоследот на TV приклучокот.
tАко снимате TV програма на DVD рекордер или VCR, кабелот за
влезен сигнал во телевизорот поврзете го преку DVD рекордерот
или VCR уредот. За повеќе информации околу снимањето,
погледнете во упатството испорачано со секој од поврзаните уреди.
tУпатства за ракување побарајте во прирачникот за
надворешната опрема.
tАко сакате да поврзете уред за игри со телевизорот, користете
го кабелот испорачан со уредот за игри.
tВо PC режим, може да има шум поврзан со резолуцијата,
вертикалната шема, контрастот или осветленоста. Ако е присутен
шум, сменете го PC излезот на друга резолуција, сменете ја стапката
на обновување со друга стапка, или прилагодувајте ги осветленоста
и контрастот во менито СЛИКА додека сликата не биде јасна.
tВо PC режим, некои поставувања за резолуцијата може да не
функционираат правилно во зависност од графичката картичка.
tАко на вашиот PC се репродуцираат ULTRA HD содржини, видео
или аудио записите може повремено да бидат испрекинати
во зависност од перформансите на вашиот PC. (Во зависност
од моделот)
Поврзување на антена
Поврзете го телевизорот со ѕиден приклучок за антена со RF кабел
(75 Ω).
tЗа користење на повеќе од 2 телевизори употребете разделник
на сигнал.
tАко квалитетот на сликата е слаб, правилно инсталирајте
засилувач на сигнал за подобрување на квалитетот на сликата.
tАко квалитетот на сликата е слаб кога е поврзана антена,
обидете се да ја насочите антената во правилна насока.
tКабелот за антената и конвертерот не се испорачуваат.
tПоддржано DTV аудио: MPEG, Dolby Digital, Dolby Digital Plus, HE-AAC
tЗа локација која не е поддржана со ULTRA HD емитување, овој
телевизор не може директно да прима ULTRA HD емитувања. (Во
зависност од моделот)