Како да го користите магичниот
далечински управувач
tМалку протресете го Далечинскиот управувач за магично
движење надесно или налево или притиснете ги копчињата
(ПОЧЕТОК), (ВЛЕЗ), за да се прикаже
покажувачот на екранот.
(Кај одредени ТВ модели, покажувачот ќе се појави кога ќе го
завртите копчето Тркалце (OK).)
t Ако покажувачот не се користи одредено време или
Далечинскиот управувач за магично движење се постави на
рамна подлога, покажувачот ќе исчезне.
tАко покажувачот не функционира правилно, тогаш можете да
го ресетирате покажувачот со тоа што ќе го поместите до работ
на екранот.
tДалечинскиот управувач за магично движење ги празни
батериите побрзо отколку обичниот далечински управувач
заради дополнителните функции.
Мерки на претпазливост при
користење на магичниот
далечински управувач
tДалечинскиот управувач користете го во рамките на
наведениот опсег (до 10 m).
Можно е да се појават проблеми во комуникацијата кога
уредот се користи надвор од опсегот на покривање или
доколку има пречки во рамките на опсегот на покривање.
tМожно е да се појават проблеми во комуникацијата заради
други уреди.
Уредите како микробрановите печки или безжичните LAN
мрежи го користат истиот фреквентен опсег (2,4 GHz) како и
Далечинскиот управувач за магично движење. Ова може да
предизвика проблеми во комуникацијата.
t Далечинскиот управувач за магично движење може да не
функционира правилно доколку безжичен рутер (AP) се наоѓа
на растојание помало од 1 метар од телевизорот. Безжичниот
рутер треба да се наоѓа на растојание поголемо од 1 m од
телевизорот.
tНемојте да ја расклопувате или загревате батеријата.
tНемојте да ја испуштате батеријата. Избегнувајте екстремни
удари на батеријата.
tВметнувањето на батеријата на погрешен начин може да
доведе до експлозија.
Лиценци
Поддржаните лиценци може да се разликуваат во зависност од
моделот. За повеќе информации околу лиценците, посетете ја
страницата www.lg.com.
Известување за софтвер
со отворен код
За да го добиете изворниот код според GPL, LGPL, MPL и другите
лиценци за отворен изворен код кој се користи кај овој производ,
посетете ја страницата http://opensource.lge.com.
Покрај изворниот код, достапни за превземање се и сите наведени
одредби на лиценца, одрекувања од одговорност и известувања за
авторски права.
LG Electronics исто така ќе ви обезбеди отворен изворен код на
CD-ROM диск за одреден надоместок кој го покрива трошокот за
вршење на дистрибуцијата (како трошокот за медиумот, испораката
и ракувањето) по доставено e-mail барање до opensource@lge.com.
Оваа понуда е валидна три (3) години од датумот на купување на
производот.