47
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
• Пред секоја проверка или одржување, секогаш
проверувајте дали алатот е исклучен и
батеријата е извадена.
•
Исчистете ги горниот и долниот штитник за
да нема насобрани метални делканици кои
може да го нарушат работењето на долниот
систем за заштита.
Ако системот за заштита е
нечист, може да го ограничи правилното
функционирање што може да доведе до тешка
телесна повреда.
Кога користите компресиран
воздух за раздувување на металните
делканици од штитниците, носете соодветна
заштита за очи и заштита за дишење.
• За чистење, не користете нафта, бензин,
разредувач, алкохол или слично. Тие средства
ја вадат бојата и може да предизвикаат
деформации или пукнатини.
Проверка на сечилото
• Внимателно проверувајте дали сечилото има
пукнатини или оштетување пред и по
употребата. Напукнатото или оштетеното
сечило заменете го веднаш.
•
Ако се продолжува да се користи истапено сечило,
тоа може да предизвика опасен повратен удар
и/или преоптовареност на моторот. Заменете го со
ново сечило штом не сече ефикасно повеќе.
• Сечилата наменети за алатот за сечење
метал не може да се острат.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА на
производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни центри на Makita, секогаш со резервни
делови од Makita.
ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР
ВНИМАНИЕ:
• Овој прибор или додатоци се препорачуваат за
користење со алатот од Makita дефиниран во
упатството. Со користење друг прибор или
додатоци може да се изложите на ризик од
телесни повреди. Користете ги приборот и
додатоците само за нивната намена.
Ако ви треба помош за повеќе детали за приборот,
прашајте во локалниот сервисен
центар на Makita.
• Сечила со карбидни запци
• Надолжен потпирач (водилна шина)
• Рачка завртка M5 x 20
• Кука
• Имбус-клуч 5
• Заштитни очила
• Оригинална батерија и полнач Makita
НАПОМЕНА:
• Некои ставки на листата може да се вклучени
со алатот како стандарден прибор. Тоа може да
се разликува од земја до земја.