EasyManua.ls Logo

Philips Avent SCF862/02 - Page 105

Philips Avent SCF862/02
178 pages
Print Icon
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
107МАКЕДОНСКИ
Забелешка
Главната единица има вдлабнатини кои овозможуваат
рамномерно лизгање на запците за заклучување и
прицврстување на бокалот. Проверете дали бокалот е сигурно
прицврстен на главната единица пред да започнете со готвењето
на пареа или блендирањето.
6 Ако сѐ уште не сте го наполниле резервоарот за вода со вода
за создавање пареа, погледнете го поглавјето „Полнење на
резервоарот за вода“ и додајте вода во него пред да започнете.
Забелешка
Проверете дали капакот на резервоарот за вода е правилно
прицврстен.
7 Приклучете го апаратот во напојување.
8 Свртете го контролното копче на поставувањето за пареа (сл. l).
Погледнете ја табелата во поглавјето „Состојки и време на
готвење на пареа“ за препорачаниот волумен на вода за готвење
на пареа.
» Ќе се вклучи жолтото светло кое означува дека апаратот
создава пареа.
» Кога ќе заврши циклусот на пареа, апаратот и светилката на
индикаторот автоматски се исклучуваат.
9 По завршувањето на циклусот на пареа, свртете го контролното
копче во позиција „исклучено“ (сл. m). Причекајте 2 минути или
причекајте да престане излегувањето на пареата од горниот дел
на бокалот пред да го отстраните.
Внимание
Ако сакате да започнете друг циклус на пареа, оставете го
апаратот да се излади во траење од 10 минути и испразнете ја
преостанатата вода од резервоарот за вода пред да го наполните
повторно и да започнете нов циклус на пареа.
Забелешка
Немојте да го вртите контролното копче во позицијата
„исклучено“ пред да заврши циклусот на пареа, со цел да
избегнете недоволна пареа и оставање вода во садот.

Table of Contents

Related product manuals