-
Немојте да користите компримиран воздух,
абразивни сунѓери, абразивни средства за
чистење или агресивни течности, како што се
бензин или ацетон за чистење на уредот.
-
Не користете ја единицата за напојување на или
близу до ѕидни приклучоци на кои има или
имало електрични освежувачи за воздух за да
спречите непоправлива штета на единицата за
напојување.
Електромагнетни полиња (EMF)
-
Овој Philips уред е во согласност со сите важечки стандарди и
регулативи во врска со изложеноста на електромагнетни полиња.
Општо
-
Овој уред е водоотпорен. Тој е погоден за употреба во бањата или под
туш и за чистење под млаз вода. Затоа, од безбедносни причини, уредот
може да се користи само без кабел.
-
Уредот е погоден за мрежен напон од 100 до 240 волти.
-
Единицата за напојување го трансформира напонот од 100-240 волти во
безбеден низок напон од помалку од 24 волти.
-
Максимално ниво на бучава: Lc = 75 dB(A).
Полнење
Полнењето трае 1 час (BG2038/BG2036) или 8 часа
(BG2028/BG2026/BG2025/BG2024) зависно од моделот. Кога уредот е
целосно наполнет, тој може да работи до 50 минути. Кога индикаторот за
состојба на батеријата свети црвено, батеријата е слаба (преостанува
прибл. 10 минути работно време) и треба да го наполните уредот.
1 Вметнете го малиот приклучок во држачот за полнење.
161
Македонски