659
Македонски
Глава на четката за заби
1
Плакнете ги главата и влакната на четката за заби
по секое користење.
2
Најмалку еднаш неделно, вадете ја главата на
четката од рачката и плакнете ја спојката на
главата на четката со топла вода. Капачето за
патување плакнете го секогаш кога е потребно.
Полнач
1
Исклучете го полначот од струја пред да го
чистите.
2
Избришете ја површината на полначот со влажна
крпа.
Кутија за патување
Исплакнете со топла вода и користете влажна крпа за
да ја исчистите внатрешноста на кутијата за патување.
Чистење на стерилизаторот
Предупредување: не потопувајте го
стерилизаторот во вода и не плакнете го под
чешма.
Предупредување: не чистете го стерилизаторот
кога УВ-сијалицата е жешка.
За оптимална ефикасност, се препорачува да го
чистите стерилизаторот еднаш неделно.
1
Откачете го приклучокот на стерилизаторот.
2
Извлечете го послужавникот за капење право
нанадвор. Исплакнете го послужавникот за
капење и избришете го со влажна крпа.
3
Исчистете ги сите надворешни површини со
влажна крпа.
4
Отстранете го заштитникот пред УВ-светилката.