0478 403 9802 B - MK
398
Користете го уредот само кога сте
одморени и при добра телесна и
душевна состојба. Доколку имате
здравствени потешкотии, консултирајте
се со Вашиот лекар дали смеете да
управувате со уредот. Со уредот не
смее да се управува по консумирање
алкохол, дроги или лекарства, кои ги
забавуваат реакциите.
Осигурете се дека корисникот физички,
сетилно или ментално е способен да
ракува со уредот и да работи со него.
Доколку корисникот физички, сетилно
или ментално е ограничен за оваа
способност, тој смее да работи само
под надзор или според упатствата од
страна на одговорно лице.
Осигурете се дека корисникот е
полнолетен или дека согласно
националните регулативи под надзор е
обучен за професијата.
Внимание – Опасност од незгода!
Мотокултиваторот е наменет само за
обработка на почва што служи за
сеење, одгледување или нега на
растенија. Тој смее да се употребува
само како што е опишано во ова
Упатство за употреба – да не се користи
за други цели! Друга употреба не е
дозволена и може да биде опасна. Како
последица може да се дојде до повреди
или оштетувања на апаратот.
Поради телесната загрозеност на
корисникот, мотокултиваторот не смее
да се употребува за следниве
активности (набројувањето не е
конечно):
– за работи поврзани со тревници на
покриви и на балкони,
– за сечење и за ситнење на делови од
дрвја и искастрен материјал.
Со уредот не смеат да се
транспортираат предмети, животни или
луѓе, особено деца.
Од безбедносни причини забранета е
секоја измена на уредот, со исклучок на
стручно вградување на прибор и
опрема што се одобрени од STIHL, а
истото води кон прекин на важноста на
гаранцијата. Информации за
одобрениот прибор и опрема можете да
добиете кај овластениот застапник за
STIHL.
Особено се забранува секаква
манипулација на уредот, со која се
врши промена на моќноста или бројот
на вртежите на моторот со внатрешно
согорување, т.е. електромоторот.
Потребно е да се биде многу
внимателен при употребата на уредот
на јавни места, паркови, спортски
игралишта, улици и во земјоделски и
шумски предели.
Внимание! Опасност по
здравјето поради
вибрациите! Преголемото
оптоварување поради
вибрациите може да доведе до
оштетување на кардиоваскуларниот
или нервниот систем, особено кај
луѓето со кардиоваскуларни проблеми.
Доколку почувствувате симптоми што
би можеле да се јават како последица
од оптоварувањето со вибрации,
обратете се кај лекар.
Вакви симптоми, кои најчесто се
појавуваат во прстите, дланките или на
рацете, се на пр. (листата не е
целосна):
– отрпнатост,
– болки,
– слабост во мускулите,
– менување на бојата на кожата,
– непријатно скокоткање.
Но, за време на работењето не држете
го управувачот стегнато со двете раце
на предвидените места.
Работното време планирајте го така
што ќе се избегнат поголеми
оптоварувања во текот на подолг
временски период.
При користење на мотокултиваторот,
овозможете паузи во работата и
избегнувајте долга употреба на
апаратот, бидејќи долготрајните
вибрации се штетни по здравјето.
4.2 Ставање гориво – ракување со
бензин
Чувајте го бензинот во садови
(канистри) наменети и проверени
специјално за таа цел. Капачињата за
затворање на садовите за бензин треба
секогаш добро да се завртат и затегнат.
Од безбедносни причини дефектните
капачиња треба да се заменат.
Немојте никогаш да користите шишиња
од пијалоци или слично за складирање
или чување горива и масла како
на пример гориво. Луѓе, особено деца,
би можеле да се излажат и да се
напијат од нив.
Бензинот треба да се чува
подалеку од извор на
искрење, отворен пламен,
постојан оган, извори на
топлина и други извори на пламен.
Немојте да пушите!
Опасно по живот!
Бензинот е отровен и лесно
запаллив.