EasyManua.ls Logo

Stihl MH 445 - Page 401

Stihl MH 445
486 pages
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
399
ENNOSVFIDASLSKTRHUSRHRBGUKETMK
0478 403 9802 B - MK
Ставајте гориво само на отворено и не
пушете додека полните гориво.
Пред да ставате гориво изгаснете го
моторот и оставете го да се олади.
Бензинот се полни пред да се стартува
моторот. Додека моторот работи или
додека машината е сè уште загреана,
капакот од резервоарот не смее да се
отвора и не смее да се дополнува
гориво.
Не преполнувајте го
резервоарот за гориво!
За на горивото да му оставите
место да се прошири, никогаш
не полнете го резервоарот за
гориво над долниот раб од
отворот за полнење.
Дополнително, обрнете
внимание на податоците во упатството
за употреба на мотор со внатрешно
согорување.
Доколку бензинот претече, моторот
смее да се стартува откако е исчистена
површината извалкана со бензин.
Треба да се избегнува секој обид за
стартување сè додека не исчезне
пареата од бензинот (да биде суво).
Секогаш треба да се избрише горивото
што ќе претече.
Доколку Ви се истури бензин на
облеката, морате да ја преслечете.
Немојте никогаш да ја чувате машината
со бензин во резервоарот во затворен
простор. Пареата од бензин може да
дојде во допир со отворен оган или
искри и да се запали.
Доколку треба да го испразните
резервоарот, направете го тоа на
отворено.
4.3 Облека и опрема
За време на работењето
секогаш носете чевли со ѓон
што не се лизга. Немојте
никогаш да работите боси или на
пример со сандали.
При одржување и чистење,
како и при транспорт на
уредот, секогаш носете
поцврсти ракавици и, доколку
имате долга коса, соберете ја и покријте
ја (со марама, капа и сл).
При ракувањето со апаратот
треба да се носи соодветна и
припиена облека, т. е.
комбиниран костум, а не
работен мантил. За време на работата
со апаратот да не се носи шал, машна,
накит, ленти или синџирчиња кои висат
и никакви други делови од облеката што
излегуваат надвор од неа.
Деловите што се вртат можат да ја
зафатат или да ја скинат косата,
облеката или деловите од облеката.
Ова може да предизвика тешки
повреди.
4.4 Транспорт на уредот
Задолжително да се користат ракавици,
за да се избегнат повреди од острите и
жешки делови на уредот.
Апаратот не смее да се транспортира
со вклучен мотор. Пред транспотирање
исклучете го моторот, почекајте да се
смират работните алатки и извлечете го
утикачот за свеќичката.
Апаратот треба да се транспортира
само со изладен мотор и без гориво.
Внимателно прочитајте ги упатствата
во поглавјетоТранспорт“. Таму е
опишано како треба да се подигнува,
односно прицврстува уредот. (Ö 13.)
Секогаш носете го апаратот по двајца
внимавајте на точките за држење.
Користете соодветни помагала за
товарење (рампи за товарење, направи
за кревање).
Од безбедносни причини, при
транспорт и утовар, особено при
употреба на рампи за утовар, не смее
да се надмине аголот на навалување од
15°.
Уредот и останатите делови од уредот
што се транспортираат на
транспортната површина се
обезбедуваат со соодветно
димензионирани средства за
прицврстување (ремени, сајли итн.).
Уредот никогаш не смее да се
транспортира без да се обезбеди.
STIHL препорачува транспортирање на
мотокултиваторот со соодветна
приколка, т.е. на соодветна површина
за транспорт, а не во внатрешноста на
возилото (на пр. багажник).
При транспортирање на опремата,
треба да се почитуваат регионалните
прописи, особено во смисла на
безбедноста на товарот и на
транспортот на стоките со превозни
средства.
4.5 Пред почетокот на работењето
Мора да се осигура дека со уредот
управуваат исклучиво лица, кои се
запознати со содржината на Упатството
за употреба.

Table of Contents

Related product manuals