0478 403 9802 B - MK
400
Пред пуштањето на апаратот во
употреба, се проверува заптивањето на
системот за гориво, особено на
видливите делови, како што се на пр.
резервоарот, капакот на резервоарот,
приклучоците за цревото. Во случај на
недоволно заптивање или оштетување,
бензинскиот мотор не треба да се
стартува – Опасност од пожар!
Пред пуштањето во употреба, апаратот
се дава на поправка кај овластениот
трговец.
Имајте ги во предвид локалните
прописи за времето на работење на
градинарските апарати со бензински
мотор.
Проверете ја внимателно површината
на којашто ќе се работи со апаратот и
отстранете ги големите камења,
трупците, коските и другите предмети
кои апаратот може да ги здроби.
Предметите кои се скриени во почвата
(прскалки за тревник, столпчиња,
вентили за вода, темели, електрични
водови и сл.) пред работењето со
апаратот мора јасно да се означат и да
се заобиколат. Никогаш не поминувајте
преку овие туѓи предмети.
Пред употребата на уредот,
неисправните, како и истрошените и
оштетени делови, мораат да се
заменат. Нечитливите и оштетените
предупредувања за опасност на уредот
треба да се обноват. Вашиот овластен
продавач на STIHL ги има резервните
налепници со натписи и сите други
резервни делови.
Пред употребата на апаратот,
проверете дали утикачот за свеќичка е
цврсто и безбедно поставен на
свеќичката.
Уредот смее да се користи само кога е
во состојба безбедна за работење.
Пред секоја употреба треба да се
провери,
– дали целиот уред е монтиран како
што е пропишано.
– дали заштитните уреди (на пр.
рачката на погонот, заштитните
лајсни, заштитните капаци,
заштитните прекривки, управувачот,
заштитната решетка) се во исправна
состојба и функционираат правилно.
Никогаш немојте да го користите
уредот, доколку сигурносните уреди
недостасуваат, се оштетени или, пак,
се изабени.
– дали работните алатки (ножевите за
фрези) и шрафовите за
прицврстување, како и
имобилизаторите, се на свое место,
односно дали се истрошени или
оштетени (резови, пукнатини).
Истрошените или оштетени делови
мора да се заменат.
– дали работните алатки (ножевите за
фрези) се монтирани безбедно и
цврсто.
– дали функционираат рачките на
погонот и дали се избалансирани.
– дали е правилно затворено капачето
од резервоарот за гориво.
– дали резервоарот и доводите за
гориво, како и капачето на
резервоарот се во добра состојба.
– дали е правилно зашрафена
завртката за масло.
– дали користената додатна опрема е
монтирана на уредот во целина и
како што е пропишано. Сите делови
за вградување што се вклучени во
испорачаната опрема, мора да се
блокираат, или пак да се користат.
Во случај на потреба да се извршат
сите неопходни работи, односно да се
обратите кај овластениот застапник.
STIHL Ви го препорачува овластениот
застапник за STIHL.
Заштитните лајсни лево и десно, се
определени на соодветната работна
ширина, и постојано мора да бидат
правилно монтирани. Доколку кај
моделите MH 445 и MH 445 R
работната ширина се зголеми со
дополнителни ножеви за фреза
(Опрема од STIHL), тогаш ќе мора да се
монтираат и поголеми заштитни лајсни
(испорачани со опремата).
Апаратот треба со помош на тркалата
за транспорт да се турка или да се
влече до површината што ќе се
обработува.
Пред пуштањето во работа, да се
отстранат сите други предмети,
(алатки, крпи и др.) што се наоѓаат на
апаратот.
4.6 За време на работењето
Трети лица треба да се држат
настрана од подрачјето на
опасност! Никогаш не
работете кога во подрачјето
на опасност се наоѓаат животни или
луѓе, особено деца.
Внимание! За време на работењето
предметите како земја, камења и сл. ќе
бидат исфрлани во висина, односно
настрана.