403
ENNOSVFIDASLSKTRHUSRHRBGUKETMK
0478 403 9802 B - MK
●Изгаснете го моторот со внатрешно
согорување и оставете го да се
излади,
●Извлечете го приклучокот
за свеќичката.
Внимание – Опасност од
повреди!
Приклучокот за свеќичка држете го
настрана од свеќичката, ненамерното
искрење може да доведе до пожари или
струјни удари.
Ненамерниот контакт на свеќичката со
приклучокот за свеќичка може да
доведе до несакано стартување на
моторот со внатрешно согорување.
За чистење или одржување, апаратот
се поставува само одзади. Доколку
апаратот се постави странично или
однапред, може да дојде до
оштетувања на моторот или на другите
делови од апаратот, што со себе
повлекува големи трошоци за поправка.
Треба да се почека апаратот да се
излади, особено пред одржување во
подрачјето на менувачот, моторот,
издувното грло и ауспухот. Може да
бидат постигнати температури од 80° C
и повеќе. Опасност од изгореници!
Директниот контакт со моторно масло
може да биде опасен, освен тоа
моторното масло не смее да се истура.
STIHL препорачува полнењето односно
менувањето на моторното масло да му
се препушти на овластен застапник на
STIHL.
Редовно правете проверка на целиот
апарат, особено пред да го складирате
(на пр. пред паузата во зимскиот
период), за да утврдите дали некој дел
е изабен и оштетен. Од безбедносни
причини веднаш мора да се заменат
истрошените или оштетените делови,
за апаратот секогаш да биде во
безбедна работна состојба.
Чистење:
По секоја употреба целиот уред мора
добро да се исчисти. (Ö 12.2)
Заглавените остатоци да се отстранат
со помош на дрвено стапче. Долната
страна на уредот да се чисти со четка и
вода.
Не употребувајте агресивни средства
за чистење. Тие можат да го оштетат
материјалот или металот, со што би се
оневозможила безбедна работа на
Вашиот STIHL-уред.
Долниот дел од апаратот (сите делови
што се наоѓааат под заштитниот лим)
смее да се чисти со помош на чистач со
висок притисок, т.е. пареа. Треба да се
одржува растојание од најмалку 1m, а
водениот млаз никогаш не треба да се
насочува директно на депоата или
дихтунзите – особено не на дихтунгот
помеѓу кутијата за менувач и
заштитниот лим.
За да се избегне опасност од пожар,
треба отворите за воздухот за ладење,
радијаторите и делот кај издувната
цевка да не дојдат во допир со на пр.
трева, слама, плевел, листови или
истечено масло.
Одржување:
Дозволено е да ги вршите само оние
активности за одржување, кои се
наведени во ова Упатство за употреба,
сите останати работи треба да ги врши
овластен застапник.
Доколку немате соодветно познавање и
помошни средства, секогаш обратете
се кај овластениот застапник.
STIHL препорачува одржувањето и
поправките да ги извршува само
овластен застапник на STIHL.
Овластените застапници на STIHL
редовно посетуваат обуки и ги имаат на
располагање сите технички
информации.
При поправките треба да се употребува
само алат, прибор или додатни уреди,
кои се одобрени од STIHL за овој уред
или се технички слични делови, во
спротивно постои опасност од незгоди и
може да дојде до повреди кај луѓето или
до оштетување на уредот. Доколку
имате прашања обратете се му се на
овластениот застапник.
Според своите карактеристики,
оригиналниот алат, прибор и резервни
делови од STIHL се оптимални за
уредот и се прилагодени на барањата
од страна на корисникот. Оригиналните
резервни делови од STIHL можат да се
препознаат по STIHL-бројот на
резервниот дел, по натписот STIHL и по
STIHL-ознаката на резервниот дел. На
помалите делови може да стои само
знакот.
Од безбедносни причини, редовно
треба да се проверуваат деловите кои
имаат допир со горивото (водот за
гориво, вентилот за гориво,
резервоарот, затворачот од
резервоарот, приклучоците и сл.), за да
се види дали се оштетени и дали
дихтуваат и, по потреба, да се заменат
од страна на стручно лице (STIHL го
препорачува овластениот застапник на
STIHL).
Налепниците со предупредувања и
упатства треба секогаш да бидат чисти
и читливи. Оштетените или изгубените
налепници треба да се заменат со нови,
оригинални ознаки од Вашиот овластен