EasyManua.ls Logo

Stihl MH 445 - Page 406

Stihl MH 445
486 pages
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
0478 403 9802 B - MK
404
застапник за STIHL. Доколку еден дел
биде заменет со нов, внимавајте новиот
дел да ја има истата налепница.
Секогаш внимавајте навртките,
клиновите и штрафовите да бидат
добро затегнати, за управувањето со
апаратот да биде безбедно.
Никогаш не го менувајте основното
нагодување на моторот и не
поставувајте преголем број вртежи.
Доколку при зафатите за одржување се
извадат некои составни или заштитни
делови, тие треба повторно да се
монтираат на своите места според
упатствата.
При замената на работните алатки
(ножевите за фрези), треба да се обрне
внимание на типот и комбинацијата на
ножот за фрезадозволени се само
варијанти, одобрени од STIHL.
4.8 Складирање за време на подолги
паузи во употребата
Пред да го внесете уредот во затворена
просторија, почекајте моторот да се
излади.
Машината треба да се чува во
затворена и добро проветрена
просторија со испразнет резервоар.
Обезбедете заштита од нестручно
ракување на уредот (на пр. од страна на
деца).
Немојте никогаш да ја чувате машината
со бензин во резервоарот во затворен
простор. Пареата од бензин може да
дојде во допир со отворен оган или
искри и да се запали.
Доколку резервоарот за гориво треба
да се испразни, пред складирањето за
зимската пауза, празнењето треба да
се изврши исклучиво на отворен
простор (на пр. со пуштање на
моторот).
Пред складирање (на пр. пауза во
зимскиот период) уредот треба темелно
да се исчисти.
Машината да се складира исклучиво со
извлечен приклучок за свеќичка.
Уредот треба да се чува во безбедна
состојба.
Пред да го покриете уредот, почекајте
сосема да се излади.
4.9 Отстранување
Отпадните материјали како старо
масло или гориво, употребено средство
за подмачкување, филтри, акумулатори
и слични потрошни делови можат да
бидат штетни за луѓето, животните и
животната средина и затоа мора да се
отстранат на стручен начин.
Обратете се во Центарот за
рециклирање или кај Вашиот овластен
застапник, за информации во врска со
стручното отстранување на отпадните
материјали. STIHL Ви го препорачува
овластениот застапник за STIHL.
Погрижете се истрошената машина да
се отстрани на стручен начин. Обрнете
внимание на податоците од поглавјето
Заштита на животната средина“.
(Ö 14.)
5. Опис на симболите
Внимание! –
Опасност од повреди!
Пред пуштањето во
употреба, треба да се
прочитаат и да се земат во
предвид Упатството за
употреба и напомените за
безбедност.
Вртливи работни алатки:
Рацете и нозете да се
држат подалеку од
вртливите работни алатки.
Да се работи само со
заштитни прекривки.
Сигурносното растојание
треба да се почитува.
Пред работите на
одржување и чистење да
се извлече утикачот за
свеќичката.

Table of Contents

Related product manuals