EasyManua.ls Logo

Stihl MH 445 - Page 414

Stihl MH 445
486 pages
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
0478 403 9802 B - MK
412
Уредот е опремен со повеќе заштитни
уреди, заради безбедна употреба и за
заштита од несоодветно користење.
9.1 Заклучување на рачката за
вклучување на погонот
Рачките за вклучување на погонот
механички се затвораат од
безбедносни причини, за да се избегне
ненамерно активирање.
За да може да се активира рачката за
вклучување на погонот, најпрво треба
да се притисне релевантното копче за
деблокирање. (Ö 8.2)
9.2 Заштитни уреди
Мотокултиваторот е опремен со
заштитни уреди, коишто спречуваат
ненадгледуван контакт со работните
алатки и нудат заштита од високо
исфрлените предмети.
Тука спаѓаат страничните заштитни
лајсни, заштитниот лим и соодветно
монтираниот управувач.
10.1 Работно подрачје на
операторот
●За време на работењето (при
активиран мотор), од безбедносни
причини операторот секогаш мора да
се наоѓа во работното подрачје (сива
површина 1).
●Со мотокултиваторот смее да работи
исклучиво едно лице, трети лица
треба да се држат подалеку од
опасното подрачје. (Ö 4.)
10.2 Работна позиција на
апаратот
●Мотокултиваторот смее да се
стартува само кога е исправен на
подлога (моторот горе). За време на
работењето мотокултиваторот мора,
колку што е можно, да се води во
хоризонтална линија и треба да се
избегнува силно навалување или
превртување.
10.3 Комбинации на фрезите
Можни комбинации
MH 445, MH 445 R:
–2 Ножеви за фреза:
Фреза со еден нож по погонска оска
–4 Ножеви за фреза:
Фреза со двојни ножеви по погонска
оска
Можни комбинации
MH 560:
–2 Ножеви за фреза:
една фреза со двојни ножеви по
погонска оска
Можни комбинации
MH 585, MH 685:
–2 Ножеви за фреза:
една фреза со двојни ножеви по
погонска оска
–4 Ножеви за фреза:
една фреза со двојни ножеви и една
фреза со еден нож по погонска оска
10.4 Идеална положба на
телото за време на работата
Идеалната положба на телото за
време на работата помага против брзо
заморување.
Затоа апаратот треба да се постави
така (нагодување на висината на
управувачот, нагодување на клинот за
забавување), што за целото време на
работење ќе се зазема исправена
положба на телото (грбот).
Идеална положба на телото:
исправен грб
исправени нозе
подлактиците малку навалени
надолу
9. Сигурносни системи
Опасност од повреди!
Заштитните уреди не смеат да се
отстрануваат, да се
премостуваат, да се менуваат
или оштетуваат. Во случај кога кај
некој заштитен уред ќе се утврди
таков дефект, уредот не смее да
се стави во функција.
Контактирајте со овластен
застапник, STIHL го препорачува
овластениот застапник на STIHL.
10. Упатство за работа
На левата и на десната погонска
оска секогаш се монтира ист број
на фрези.
Заштитата на билките од
оштетување може да се монтира
кај сите опишани комбинации на
фрези. Тој ги штити околните
растенијана пр. при
култивирање во тесна леја.
20
21
22

Table of Contents

Related product manuals