0478 403 9802 B - MK
414
Нагодување на висината на
блокажата за кочница:
● Тркалата за транспорт се
расклопуваат во подесувањето за
превезување. (Ö 11.4)
Обрнете внимание на стабилната и
сигурна положба на апаратот.
●Навртката за отпуштање (1) се
притиска и се држи.
●Блокажата за кочница (2) се
поставува во саканата позиција.
●Навртката за отпуштање (1) се пушта
и се внимава блокажата за кочница
да се затвори.
11.6 Стартување на моторот со
внатрешно согорување
●Рачката за штелување на гасот
се поставува во положба за
стартување. (Ö 8.1)
●Рачката на стартната сајла (1)
цврсто се опфаќа со едната рака и се
држи.
●Стартната сајла (1) полека се
извлекува до појавата на
компримиран отпор. Потоа силно,
брзо и во еден потег се повлекува,
онолку колку што е долга. Стартната
сајла (1) полека се враќа назад, за да
може одново полека да се намота.
Постапката се повторува сè додека
моторот со внатрешно согорување
не запали.
11.7 Исклучување на моторот
●За да се исклучи моторот, рачката за
штелување на гас треба да се
постави во стоп-положба. (Ö 8.1)
Моторот, кратко по времето на
прекинување, сосема се смирува.
11.8 Вклучување и исклучување на
погонот (нанапред)
Вклучување на погонот (нанапред):
●Мотокултиваторот со изгасен мотор
се пренесува до површината што ќе
се обработува. (Ö 13.)
● Стартување на моторот. (Ö 11.6)
●Мотокултиваторот со двете раце
цврсто се држи за ракофатите.
● Црната рачка за вклучување на
погонот (нанапред) се активира и се
држи. (Ö 8.2)
Погонската оска со монтираните
работни алатки почнува да се врти и
мотокултиваторот почнува да се
движи нанапред.
Исклучување на погонот (нанапред):
●Рачката за вклучување на погонот
(нанапред) се пушта. (Ö 8.2)
Погонската оска со монтираните
работни алатки запира.
11.9 Вклучување и исклучување на
погонот (наназад) (MH 445 R, MH 560,
MH 585, MH 685)
Мотокултиваторите MH 445 R, MH 560,
MH 585, MH 685 се опремени со погон
за движење наназад.
Рикверцот при обработка на почвата
служи за полесно ослободување кога ќе
се заглави мотокултиваторот.
Рикверцот не е предвиден за
култивирање.
Вклучување на погонот (наназад):
● Мотокултиваторот со изгасен мотор
со внатрешно согорување се
пренесува до површината што ќе се
обработува. (Ö 13.1)
●Стартување на моторот со
внатрешно согорување. (Ö 11.6)
● Мотокултиваторот со двете раце
цврсто се држи за ракофатите.
● Црвената рачка за вклучување на
погонот (наназад) се активира и се
држи. (Ö 8.2)
Погонската оска со монтираните
работни алатки почнува да се врти
така, што мотокултиваторот почнува
да се движи наназад.
Исклучување на погонот (наназад):
●Рачката за вклучување на погонот
(наназад) се пушта. (Ö 8.2)
Погонската оска со монтираните
работни алатки запира.
11.10 Култивирање
При култивирање, почвата се ора со
ротирачки фрези и се подготвува за
сеење, одгледување или нега на
растенија.
27
Опасност од повреди!
Пред вклучувањето на погонот
(наназад), постојано да се
внимава на тоа да има доволно
простор меѓу телото на
операторот и управувачот.