EasyManua.ls Logo

Stihl MH 445 - Page 419

Stihl MH 445
486 pages
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
417
ENNOSVFIDASLSKTRHUSRHRBGUKETMK
0478 403 9802 B - MK
штрафови треба да бидат убаво
зацврстени, обновете ги натписите на
апаратот за опасност и
предупредувањата, кои станале
нечитливи, проверете ја целата
машина, односно проверете дали има
изабени и оштетени делови. Заменете
ги истрошените или оштетени делови.
При подолготрајно неупотребување на
апаратот (пауза во зима), треба
дополнително да се внимава на
следниве нешта:
●Сите надворешни делови од
апаратот треба внимателно да се
исчистат.
●Да се испразнат резервоарот за
гориво и карбураторот.
●Сите подвижни делови треба добро
да се подмачкаат.
●Свеќичката се одвртува (види
Упатство за употреба Бензински
мотор) и во моторот се става околу
3cm³ моторно масло низ отворот за
свеќички. Моторот се вергла
неколкупати без свеќичка (се
повлекува стартната сајла).
●Свеќичката повторно се заштрафува
(види Упатство за употреба
Бензински мотор).
●Се врши промена на маслото (види
Упатство за употреба Бензински
мотор).
Моторот се покрива и апаратот се
чува во нормална положба.
13.1 Транспорт на
мотокултиваторот
1 Влечење или туркање на
мотокултиваторот:
●Блокажата за кочница се поставува
во највисока позиција. (Ö 11.5)
●Се отвораат тркалата за транспорт.
(Ö 11.4)
●Мотокултиваторот се држи цврсто за
двете рачки (1) и се наведнува
наназад, сè додека апаратот не
застане на тркалата за транспорт.
●Мотокултиваторот полека (во темпо
на чекорење) се влече или се турка.
На мазна и рамна подлога, апаратот
треба да се турка, а на нерамна
подлога подобро е да се влече.
2 Кревање или носење на
мотокултиваторот:
●Се контролира фиксираната
положба на горниот дел на рачката.
Мотокултиваторот треба да го
креваат, т.е. носат најмалку две лица
и треба постојано да се внимава на
потребното растојание кон ножевите
за фрези.
Точки на држење:
Ракофати (1) и рачка за носење (2)
3 Транспортирање на
мотокултиваторот на товарен
простор:
Мотокултиваторот секогаш се
транспортира стоечкина тркалата
за транспорт и фрезите. Апаратот
никогаш не треба да се превртува
странично.
●За стабилност, се отвораат тркалата
за транспорт (Ö 11.4) и се монтираат
фрезите (Ö 7.7), (Ö 7.8).
Опасност од пожар!
Поради опасноста од пожар,
утикачот за свеќички секогаш
треба да се држи подалеку од
отворот за свеќички.
13. Транспорт
Опасност од повреди!
Обрнете внимание на
безбедносните напомени во
поглавјетоЗа ваша безбедност
(Ö 4.), особено на делот
Транспорт“ (Ö 4.4).
Пред транспортирањето,
исклучете го моторот, извадете го
утикачот за свеќичката и
облечете соодветна заштитна
облека (безбедни чевли,
ракавици, комбиниран костум,
покриени раце и нозе).
Обрнете внимание на
тежината! (Ö 18.)
31
Опасност од повреди!
Поради големата тежина на
апаратот, особено треба да се
внимава при движење по скали,
нерамнини, стрмни рампи и други
извишувања.
Корисникот секогаш треба да се
наоѓа над машината, за во случај
на губење на контролата над
апаратот, да не биде прегазен
т. е. да не мора да го турка
надолу, т.е. влече нагоре
апаратот, преку угорнини и
удолнини.
Апаратот се турка, т.е. влече
максимално 2 до 3 скали. При
пренесување преку повеќе скали,
мотокултиваторот треба да се
носи со помош на уште едно
лице.

Table of Contents

Related product manuals