0478 403 9802 B - MK
418
● Мотокултиваторот се обезбедува од
лизгање и на товарниот простор се
врзува со сајли, т.е. ремени.
Точки на врзување:
Осовината на тркалата за
транспорт (3) и осовината на
ножевите за фрези (4).
Амбалажата, апаратот и
приборот се произведени од
материјали кои се
рециклираат и треба
соодветно да се отстранат.
Одвоеното, еколошко отстранување на
отпадоците овозможува повторна
употреба на материјалите за
рециклирање. Поради тоа, по истекот
на определениот рок на употреба,
апаратот треба да се снабди со
материјали за рециклирање.
14.1 Отстранување
Старото масло (моторното масло,
маслото за менувачот) и горивото
секогаш треба да се отстрануваат на
соодветен начин.
Пред да се отстрани, моторот треба да
се онеспособи. Треба да се отстранат
каблите за палење, да се испразни
резервоарот и да се испушти моторното
масло.
Опасност од повреди од ножевите за
фрезите!
Никогаш не го оставајте дури и
неупотребливиот градинарски
мотокултиватор без надзор. Погрижете
се апаратот и ножевите за фрези да
бидат вон од дофат на децата.
Важни упатства за одржување и
чување за групата прозводи
Бензински мотокултиватори (STIHL
MH)
Фирмата STIHL не прифаќа никаква
одговорност за повредите на луѓето и
материјалната штета предизвикани
поради непочитување на напомените
во Упатството за употреба, особено
советите за безбедност, ракување и
одржување, или, пак, поради употреба
на неодобрени додатоци за вградување
или резервни делови.
Особено внимавајте на следниве важни
напомени, со цел да се избегнат штети
или прекумерно абење на Вашиот
STIHL уред:
1. Потрошни делови
Некои делови од уредите на STIHL и
при нормална употреба подлежат на
нормално абење и во зависност од
видот и од времето на користење мора
навреме да се заменат.
Тука, меѓу другите, спаѓаат:
– Ременот
– Ножот за фрезата
– Блокажата за кочница
2. Придржување кон барањата од
Упатството за употреба
STIHL уредот мора да се користи,
одржува и да се чува мошне
внимателно, онака како што е опишано
во ова Упатството за употреба. За сите
штети што настануваат поради
непочитување на напомените за
безбедност, користење и одржување, е
одговорен самиот корисник.
Ова, пред сè, важи за:
– несоодветна употреба на
производот.
– употреба на горива и масла што не
се одобрени од STIHL (средства за
подмачкување, бензин и моторно
масло, види Мотор со внатрешно
согорување во Упатството за
употреба).
– правење на измени на производот
што не се одобрени од STIHL.
– употреба на додатоци, додатни
уреди или сечива што не се
одобрени од STIHL.
– употреба на производот на спортски
настани или натпревари.
– штети настанати како последица на
натамошната употреба на
производот со дефектни делови.
3. Одржување
Сите работи наведени во делот
„Одржување“ мора редовно да се
спроведуваат.
Доколку корисникот не е во состојба сам
да го извршува одржувањето, тогаш
треба да се ангажира овластениот
застапник.
STIHL препорачува одржувањето и
поправките да ги извршува само кај
овластениот застапник на STIHL.
Овластените застапници на STIHL
редовно посетуваат обуки и ги имаат на
располагање сите технички
информации.
14. Заштита на животната
средина
15. Минимизирање на
абењето и избегнување
штети