25
Во јурисдикции надвор од Европската унија: Предметите од опремата
со овој симбол не треба да се фрлаат во обични контејнери ако вашата
јурисдикција или вашиот регион има соодветни рециклирачки и собирни
установи; наместо тоа, тие треба да се однесат во собиралишта за да се
рециклираат.
Батерија
Во согласност со регулативите за воздух, батеријата на вашиот производ не
е целосно наполнета. Прво, наполнете ја.
- Не обидувајте се да ја отворате батеријата (поради ризикот од отровни
испарувања и изгореници).
- За уред со батерија што не може да се отстранува, не обидувајте се да ја
исфрлате или заменувате батеријата.
- Не продупчувајте ја, не расклопувајте ја и не предизвикувајте краток спој
во батеријата.
- За униформен уред, не обидувајте се да го отворате или продупчувате
задниот капак.
- Не горете ја и не фрлајте ја искористената батерија или уред во отпадоци
од домаќинството и не чувајте ја на температура над 60°C (140°F), ова
може да резултира со експлозија или истекување на запалива течност
или гас. Слично на тоа, подложувањето на батеријата на екстремно низок
воздушен притисок, може да резултира со експлозија или истекување на
запаллива течност или гас. Батеријата користете ја само за целта за која
таа е наменета и препорачана. Никогаш не користете оштетени батерии.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ПОСТОИ РИЗИК ОД ЕКСПЛОЗИЈА АКО
БАТЕРИЈАТА СЕ ЗАМЕНИ СО ПОГРЕШЕН ТИП НА БАТЕРИЈА. ФРЛЕТЕ ГИ
УПОТРЕБЕНИТЕ БАТЕРИИ СПОРЕД ДАДЕНИТЕ ИНСТРУКЦИИ.
Полнач
• Од еколошки причини, овој пакет може да не вклучува полнач, во
зависност од уредот што сте го купиле. Овој уред може да се напојува со
повеќето USB адаптери за напојување и кабел со USB тип-C приклучок.
За правилно полнење на вашиот уред, можете да користите кој
било полнач сè додека ги исполнува сите применливи стандарди за
безбедност на опремата за информатичка технологија и канцелариска
опрема со минимални барања како што е наведено погоре.
Не користете полначи што не се безбедни или не ги исполнуваат
горенаведените спецификации. Полначите вклучени во електричната
мрежа ќе работат во температурниот опсег од: Од 0°C (32°F) до 40°C
(104°F ).
Полначите наменети за вашиот уред го исполнуваат стандардот за
безбедност на опремата за информатичка технологија и за опремата за
канцелариска употреба. Тие се, исто така, во сообразност со директивата
за екодизајн 2009/125/ЕЗ. Поради различните применливи електрични
спецификации, полнач кој сте го купиле во една јурисдикција може да не
работи во друга јурисдикција. Тие треба да се користат само за полнење.
Модел: QC16
Влезен напон: 100~240V
Влезна фрекфенција на наизменична струја: 50/60Hz
Излезен напон: 5,0V/9,0V/12,0V/15,0V/20,0V/3,3-11V
Излезна струја: 3,0A/3,0A/2,5A/2,0A/1,5A/3A
Излезна моќност: 15,0W/27,0W/30,0W/30W/30W/33W
Просечна активна ефикасност: 87,21% (33W)
Потрошувачка на електрична енергија без оптоварување: 0,1W
Поддржани протоколи за брзо полнење: PD3.0 PPS
За да уживате во искуството на Технологијата за брзо полнење (33W) што
ја поддржува овој уред, користете полнач компатибилен со протоколот
PD 3.0 PPS.
Ако користите каков било друг полнач што не е компатибилен со
протоколот PD 3.0 PPS, тоа ќе значи дека паметниот телефон нема да ја
користи технологијата за брзо полнење и времето потребно за полнење
може да трае подолго.