MK VIVAX
7
Овој уред мора да биде уземјен. Во случај на електричен
краток спој, узмејувањето го намалува ризикот од
електричен удар.
Овој уред е опремен со кабел за напојување кој има
жица и утикач за уземјување. Утикачот мора да биде
приклучен во штекер кој е правилно поставен и уземјен.
Посоветувајте се со квалифициран електричар или
сервисер ако упатствата за уземјување не ви се доволно
јасни или ако постои сомнеж дека апратот не е правилно
уземјен.
Пред приклучување на уред во напојување 220-240V,
50Hz, проверете го напонот во вашето домаќинство и
типот на утикач дали одговараат со наведените
спецификации на уредот. Ако имате било каков сомнеж,
обратете се кај овластен електричар.
Не истурајте вода на садот или во рерната додека
површината на уредот е сè уште топла. Површината на
уредот може да се оштети како резултат на брзи промени
на топлината и да доведе до лични повреди
Може да биде потребна дополнителна вентилација како
резултат на долга употреба на уредот, на пр. отворање
прозорец или поефикасна вентилација или
зголемување на механичкиот систем за вентилација
доколку постои.