EasyManua.ls Logo

Beko VRT 71025 VW - Page 93

Beko VRT 71025 VW
104 pages
Print Icon
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
3 во 1 Стик правосмукалка на батерија / Упатство за
употреба
93 / MK
2 Употреба
2.1 Намена
Овој апарат е наменет за домашна употреба и
не е погоден за индустриска употреба.
2.2 Полнење на апаратот
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Да се
полни 12 часа пред првата употреба.
Потребни се 4-6 часа за апаратот
целосно да се наполни. Апаратот не
смее да се користи додека се полни.
2.3 Додатоци
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Притиснете ја пумпата за вода 6-10
пати за да ја намокрите крпата при
првата употреба.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Додавајте
само чиста или дестилирана вода
во резервоарот за вода (14). Вода
помешана со растворувачи или вода што
содржи цврсти честички ќе ја затне пумпата
за вода и таа ќе се расипе. Погрижете се
во резервоарот секогаш да има соодветно
количество вода додека чистите со
правосмукалката, бидејќи ако долго време
притискате на празна пумпа, таа може да се
расипе.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Не
вшмукувајте вода.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Користете
го апаратот на минимална брзина
откако ќе го користите додатокот за
бришење.
Ставете ја крпата за чистење на своето место под
додатокот за бришење.
Ставете го додатокот за бришење на подот
и поврзете ја четката и додатокот од нивните
намагнетизирани делови.
Со ногата притискајте ја пумпата за вода. Крпата
за чистење ќе се намокри од водата што доаѓа од
базата.
По употребата на додатокот за бришење, извадете
ја крпата, исцедете ја водата во резервоарот и
исушете ја крпата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ако премногу
ја притискате пумпата за вода, подот
може да остане премногу мокар. Во
зависност од тоа колку е влажен подот,
поретко или почесто притискајте ја
пумпата. Не вшмукувајте локви вода со
правосмукалката.
2.4 Додаток за процепи
Погоден е за чистење на тешко достапни
површини, како што се површините под
каучите и под мебелот.
2.5 Додаток 2 во 1
Туркајте ја наназад четката од додатокот 2 во 1
сè додека не се чуе „клик“. Погодно за чистење
тесни процепи, тешко достапни агли на врати
и прозорци и други мали отвори. Подготвено
за смукање на ќошевите од ѕидовите, скалите,
тастатурите итн. Притискајте ја нанапред
четката од додатокот сè додека не се чуе
„клик“. Погодно за чистење мебел, полици за
книги, завеси итн.
Вметнете го додатокот 2 во 1 во металната
цевка за да чистите повисоки места како што
се таваните итн.

Table of Contents

Related product manuals