EasyManua.ls Logo

Bosch GRL 250 HV - Page 263

Bosch GRL 250 HV
351 pages
Go to English
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
Македонски | 263
Bosch Power Tools 1 609 92A 0D9 | (24.3.14)
–Поставете го мерниот уред по висина (со помош на
стативот или евентуално со подлогата), така што
средината на точката на ласерскиот зрак точно ќе ја
погоди претходно означената точка II на ѕидот B.
–Свртете го мерниот уред за 180°, без да ја промените
висината. Оставете го да се изнивелира и обележете ја
средината на точката на ласерскиот зрак на ѕидот A
(точка III). Внимавајте на тоа, точкатаIII да лежи што е
можно повертикално над одн. под точката I.
Разликата d на двете означени точки I и III на ѕидот A го
дава фактичкото отстапување од висината на мерниот
уред за измерената оска.
Повторете го мерниот процес за другите три оски.
Свртете го мерниот уред пред почетокот на м
ерниот
процес за 90°.
На мерната линија од 2 x 20 м =40м, максималното
дозволено отстапување изнесува:
40 м 0,1мм/м 4мм.
Разликата d помеѓу точките I и III кај секој од четирите
мерни процеси смее да изнесува најмногу 8 мм.
Доколку, при еден од четирите мерни процеси, мерниот
уред го пречекори максималното отстапување, дајте го на
поправка во сервисната служба на Bosch.
Совети при работењето
За обележување, секогаш користете ја само
средината на ласерската точка. Големината на
ласерската точка се менува во зависност од
растојанието.
Ласерски очила (опрема)
Ласерските очила ја филтрираат околната светлина. На тој
начин светлото на ласерот изгледа посветло за окото.
Не ги користете ласерските очила како заштитни
очила. Ласерските очила служат за подобро
препознавање на ласерскиот зрак, но не заштитуваат
од ласерското зрачење.
Не ги користете ласерските очила како очила за
сонце или пак во сообраќајот. Ласерските очила не
даваат целосна UV-заштита и го намалуваат
препознавањето на бои.
Работење со ласерски приемник (опрема)
При неповолни светлосни услови (осветлена околина,
директни сончеви зраци) и на големи растојанија за
подобро наоѓање на ласерскиот зрак користете го
ласерскиот приемник 35.
При работа со ласерски приемник, изберете го
ротациониот ре
жим со највисока брзина на ротација.
За да работите со ласерскиот приемник, прочитајте го и
внимавајте на ова упатство за употреба.
Работење со далечински управувач
Со притискање на контролните копчиња, може да се
исклучи нивелирањето на мерниот уред, така што
ротацијата запира за кратко. Со примена на далечинскиот
управувач, овој ефект се избегнува.
Приемните леќи 7 за далечинскиот управувач се наоѓаат
на три страни на мерниот уред, м.д. над контролното поле
на предната страна.
Работење со статив (опрема)
Мерниот уред располага со 5/8"-прифат за статив за
хоризонтален режим на еден статив. Поставете го
мерниот уред со прифатот за статив 18 на 5/8"-навој на
стативот и зашрафете го со шрафот за ф
иксирање на
стативот.
Кај стативот 37 со мерна скала на извлекување може
директно да го подесите отстапувањето по висина.
Работење со ѕиден држач и единица за израмнување
(опрема) (види слика B)
Мерниот уред може да го монтирате на ѕиден држач со
единица за израмнување 39. Зашрафете го 5/8"-шрафот
42 на ѕиден држач во прифатот за статив 18 на мерниот
уред.
Монтажа на ѕид: Монтажата на ѕид се препорачува напр.
при работи, кои се над висината на извлекување на
стативот, или при работење на нестабилна подлога и без
статив. Притоа, прицврстете го ѕидниот држач 39 со
монтиран мерен уред што е м
ожно повертикално на ѕидот.
За монтажа на ѕидот, ѕиден држач 39 може да го
прицврстите со шраф за прицврстување 40 на летва од
макс. 8 мм ширина или да го закачите на две куки.
Монтажа на статив: Ѕидниот држач 39 може да го
зашрафите и со прифат за статив на задната страна од
стативот. Ова зацврстување особено се препорачува при
работи, каде ротационото ниво треба да се израмни на
референтна линија.
Со помош на единицата на израмнување, може да го
поместите мерниот уред вертикално (при монтажа на ѕид)
одн. хоризонтално(при монтажа на статив) на поле од
околу 16 с
м. Притоа, олабавете го шрафот 41 на
единицата за израмнување, поместете го мерниот уред во
саканата позиција, и повторно затегнете го шрафот 41.
AB
AB
180°
OBJ_BUCH-757-008.book Page 263 Monday, March 24, 2014 11:19 AM

Other manuals for Bosch GRL 250 HV

Related product manuals