Македонски | 117
Напомени за оптимално користење на
батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во опсег на температура од
−20°C до 50°C. Не ја оставајте батеријата на пр. во
автомобилот во лето.
Скратеното време на работа по полнењето покажува,
дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Монтажа и употреба
Изберете соодветен адаптер за примената:
– Вентилски адаптер(13): на пр. за многу вентили за
велосипеди,
– Иглица за пумпа(14): на пр. за фудбалски топки
– Волуменски адаптер(12): за мали производи за на
плажа или за спорт, на пр. топка за во вода.
За вообичаени вентили за автомобили (делумно се
користат и за велосипеди) не е потребен адаптер.
Притиснете ја блокадата на преградата за
складирање(15) кон внатре, отворете го поклопецот(7)
на прифатот на преградата за складирање и извадете го
адаптерот.
Доколку има, извадете го капакот на вентилот на
предметот што треба да се надува.
Црево под притисок(10) намотување и одмотување
(видисликаA):
– Одмотајте го цревото под притисок(10) така што ќе го
ослободите од стегите за цревото(9).
– При намотување на цревото под притисок(10)
осигурајте се дека стегите за цревото го држат(9).
Поврзување на воздушна пумпа на
вентилот(видисликаB):
– Вентилски адаптер(13): прво завртете го адаптерот на
вентилот. Потоа завртете го адаптерот до крај во
цревото под притисок(10).
– Иглица за пумпа(14) и волуменски адаптер(12): прво
завртете го адаптерот до крај во цревото под
притисок(10). Потоа цврсто завртете го цревото под
притисок(10) со адаптер во вентилот.
– Ако не е потребен адаптер, тогаш цврсто завртете го
цревото под притисок(10) на вентилот.
Актуелниот притисок (bar/psi) на приклучениот предмет
се прикажува на манометарот(1).
Надувување:
– Притиснете ја блокадата при вклучување(6) во
правец кон лево (види сликаC).
– Притиснете на прекинувачот за вклучување/
исклучување(5), за да ја вклучите воздушната пумпа и
за да го стартувате процесот на пумпање. Во исто
време се вклучуваат работното светло(11) и светлото
за манометар.
Не гледајте во работното светло, може да ве
заслепи.
– Кога саканиот притисок ќе се прикаже на
манометарот(1) отпуштете го прекинувачот за
вклучување/исклучување(5). Работното светло(11) и
светлото за манометар се гасат и воздушната пумпа се
исклучува.
– Заклучете го прекинувачот за вклучување/
исклучување на крајот од работата, со притискање на
блокадата при вклучување(6) во правец кон десно
(види сликаC).
Напомена: Прекинете ги подолгите процеси на пумпање
по околу 5min и оставете го цревото и металните делови
на адаптерот да се изладат најмалку 5min.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
u Отстранете ја акумулаторската батерија од
воздушната пумпа пред работењето на воздушната
пумпа (на пр. одржување, промена на алат, итн.) и
при нејзин транспорт и складирање. При
невнимателно притискање на прекинувачот за
вклучување/исклучување постои опасност од
повреди.
u Одржувајте ја чистотата на воздушната пумпа и
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У “РОЈКА”
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Е-пошта: servisrojka@yahoo.com
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете
под:
www.bosch-pt.com/serviceaddresses
Bosch Power Tools 1 609 92A 6BC | (09.12.2021)