EasyManua.ls Logo

Delimano Joy - Page 33

Default Icon
52 pages
Print Icon
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
33
11. Бидете внимателно кога ќе го дополнувате бокалот додека е топол.
12. Овој апарат може да го користат деца на возраст над 8 години, како и лица со намалена
физичка, сензорна или ментална способност или недостаток на искуство или знаење, доколку
се под надзор на одговорно лице. Децата не смеат да си играат со апаратот. Чистењето и
одржувањето не смеат да го прават деца на возраст под 8 години без соодветен надзор.
13. Не ги допирајте топлите површини. Користете рачка или копче.
14. Можна е појава на мириси при првата употреба, додека апаратот да ја достигне термалната
стабилност.
15. Основата не смее да се користи за ништо друго освен за нејзината намена.
16. Особено внимавајте кога го поместувате апаратот со топла вода.
17. Овој апарат не е играчка. Не дозволувајте децата да си играат со него.
18. Овој бокал е само за домашна употреба. Не го користете на отворено.
19. Употребата на додатоци кои не се препорачани од страна на производителот, може да биде
причина за пожар електричен удар или повреда.
20. Исклучете го бокалот од струја кога не го користите и пред чистење. Пред да вадите или
додавате делови, почекајте бокалот да се олади.
21. За да го исклучите бокалот, подигнете го (полека за да не ја истурите водата) и потоа
исклучете го од струја.
22. Доколку кабелот е оштетен, тој мора да се замени од страна на овластен сервисер.
23. Овој апарат користете го само за неговата намена.
24. Овој бокал може да се користи само со основата која ја имате во комплетот.
25. Секогаш внимавајте капакот да биде убаво затворен и не го отворајте додека водата врие.
26. Одбегнете да се истура течност врз конекторот.
27. Површината на елементот за загревање е топла по употреба.
28. Овој апарат не е наменет за употреба со надворешен тајмер или одделен систем за
далечинско управување.
29. Иако апаратот е тестиран во текот на производството, неговата употреба и последиците од
истата се одговорност само на корисникот.
2) ДЕЛОВИ
Delimano Joy електричниот бокал се состои од следните делови кои ги имаат следните функции:
Сл. 1 (види: СЛИКИ, Сл. 1)
1. Капак
2. Копче за отварање на капакот
3. Капак на рачката
4. Декоративен дел
5. Внатрешна страна од рачката
6. Прекинувач
7. Основа
8. Кабел
9. Скалило за нивото на водата (со светилка)
10. Бокал
11. Филтер
3) ПРЕД ПРВАТА УПОТРЕБА
Ако го користите бокалот за прв пат, се препорачува да го исчистите со тоа што ќе зовриете вода со максимален капацитет (1,7Л). Пребришете ја површината со влажна крпа.
4) УПОТРЕБА
1. Ставете го бокалот на рамна површина.
2. За да го наполните бокалот, извадете го од основата и отворете го капакот со притискање на копчето. Потоа, наполнете го бокалот со посакуваната количина на вода (не
повеќе од 1.7л) и затворете го капакот. Нивото на водата треба да биде помеѓу линијата за минимум и максимум. Малата количина на вода може да причини бокалот да се
исклучи пред водата да почне да врие.
3. ЗАБЕЛЕШКА: Не полнете вода над максималното ниво (1,7Л).
4. Ставете го бокалот на основата.
5. Вклучете го бокалот во струја. Притиснете го надолу прекинувачот, индикаторот ќе се вклучи.
6. Бокалот ќе почне да ја загрева водата. Откако водата ќе зоврие, бокалот автоматски ќе се исклучи. ЗАБЕЛЕШКА:
7. Можете да го исклучите со подигнување на On/O прекинувачот во секое време. Ако сакате повторно да зовриете вода, само притиснете го прекинувачот за да го
рестартирате бокалот. Проверете дали прекинувачот нема никакви пречки и дека кабелот е убаво затворен. Бокалот нема да се исклучи доколку има некаков проблем со
прекинувачот или ако капакот е отворен.
8. Поткренете го бокалот од основата и истурете вода.
9. ЗАБЕЛЕШКА: Бидете внимателни додека истурате вода затоа што водата која врие може да доведе до изгореници.
10. Не го отварајте капакот додека водата во бокалот е топла.
11. Бокалот нема да продолжи со работа додека не го притиснете повторно прекинувачот. Бокалот може да стои на основата додека не се користи. ЗАБЕЛЕШКА: Секогаш исклучете
го од струја кога не го користите.
12. ЗАШТИТА ОД ПРЕВРИВАЊЕ / СУШЕЊЕ: Доколку го оставите бокалот да работи без вода во него, оваа заштитна функција веднаш ќе се активира и ќе го исклучи. Во овој случај
оставете го бокалот да се олади пред повторно да го наполните со ладна вода и да го вклучите.