EasyManua.ls Logo

Huawei B818-263 - Page 183

Huawei B818-263
225 pages
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
Прописи за увоз и извоз
Купувачите ќе ги почитуваат сите важечки закони и прописи за извоз или увоз и се одговорни да ги обезбедат
сите потребни владини дозволи и лиценци за извоз, повторен извоз или увоз на производот споменат во ова
упатство, вклучувајќи ги и софтверот и техничките податоци содржани во него.
Политика за приватност
За да разберете подобро како ги користиме и ги штитиме вашите лични информации, прочитајте ја Политиката
за приватност на https://consumer.huawei.com/privacy-policy.
За да разберете како ги користиме и ги заштитуваме вашите лични информации на овој уред, отворете ја
страницата за управување преку веб, пристапете до Изјава за Уреди за мобилен широкопојасен пренос од Huawei
и приватност и прочитајте ја нашата политика за приватност.
Ажурирање на софтвер
Ако продолжите да го користите овој уред, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со следниве
содржини:
За да обезбеди подобра услуга, уредот автоматски ќе добива информации за ажурирање на софтверот од
Huawei или од операторот откако ќе се поврзе на интернет. Овој процес ќе користи мобилни податоци и бара
пристап до единствениот идентификатор на уредот (IMEI/сериски број) и мрежниот идентитет на давателот на
услугите (PLMN) за да провери дали уредот треба да се ажурира.
Овој уред ја поддржува карактеристиката за автоматско ажурирање. Откако ќе се овозможи, уредот автоматски
ќе презема и инсталира критични ажурирања од Huawei или од вашиот оператор. Оваа карактеристика е
стандардно овозможена и може да се конфигурира од менито за поставки на страницата за управување преку
веб.
Безбедносни информации
Ова поглавје содржи важни информации што се однесуваат на работата на уредот. Содржи и информации за тоа како
да го користите уредот безбедно. Прочитајте ги информациите внимателно пред да го користите уредот.
Електронски уред
Не го користете уредот доколку е забрането да се употребува. Не го користете уредот ако неговата употреба
предизвикува опасност или пречки на други електронски уреди.
Пречки во медицинската опрема
Почитувајте ги правилата и прописите што ги утврдуваат болниците и другите објекти за здравствена заштита.
Не го користете уредот онаму каде што е забранета неговата употреба.
Некои безжични уреди може да влијаат врз работата на слушните помагала или пејсмејкерите. Обратете се до
давателот на услугата за повеќе информации.
Производителите на пејсмејкери препорачуваат да се одржува најмало растојание од 15 см меѓу уредот и
пејсмејкерот за да се спречат потенцијални пречки на пејсмејкерот. Ако користите пејсмејкер, користете го
уредот од спротивната страна на пејсмејкерот и не го носете уредот во предниот џеб.
Области со запалив материјал и експлозиви
Не го користете уредот на места каде што се складираат запаливи материјали или експлозиви (на бензиска
пумпа, склад за нафта или хемиски погон, на пример). Користењето на уредот во таква средина го зголемува
ризикот од експлозија или пожар. Исто така, следете ги упатствата во форма на текст или симболи.
Не го чувајте или транспортирајте уредот во контејнери со запаливи течности, гасови или експлозиви.
Средина за работа
Избегнувајте места со прав, влага или нечистотија. Избегнувајте магнетни полиња. Користењето на уредот во
таква средина може да предизвика нарушување на струјното коло.
Прекинете со користењето на уредот и исклучете го од струјата пред да вклучувате или исклучувате кабли.
Осигурајте се дека рацете Ви се суви при работење со уредот.
Поставете го уредот на стабилна површина.
Чувајте го уредот подалеку од електрични апарати кои создаваат силни магнетни или електрични полиња,
како што се микробранова печка или фрижидер.
За време на грмотевици, исклучете го уредот и отстранете ги сите поврзани кабли за да се заштитите од гром.
Не го користете уредот за време на грмотевици за да го заштитите од секаква штета предизвикана од гром.
Идеални температури за работа се 0 °C до 40 °C. Идеални температури за чување се -20 °C до +70 °C.
Екстремна топлина или студ може да го оштети уредот или дополнителната опрема.
Чувајте го уредот и дополнителната опрема во добро проветрена и студена просторија без директна
изложеност на сонце. Не го виткајте или покривајте уредот со крпи или други предмети. Не го поставувајте
уредот во предмети што задржуваат топлина, како на пример, кутија или кеса.
За да го заштитите уредот или дополнителната опрема од опасност од пожар или електрични шокови,
избегнувајте дожд и влага.
Чувајте го уредот подалеку од извори на топлина и оган, како што се греалка, микробранова печка, шпорет,
бојлер, радијатор или свеќа.
Не ставајте никакви предмети, како што се свеќа или сад со вода, врз уредот. Ако во уредот навлезе туѓ
предмет или течност, веднаш престанете со користење, исклучете го и отстранете ги сите кабли што се
поврзани со него. Потоа, контактирајте со овластен сервисен центар на Huawei.
Не ги блокирајте отворите на уредот. Оставете простор од најмалку 10 см околу уредот за испуштање на
топлина.
181

Other manuals for Huawei B818-263

Related product manuals