EasyManua.ls Logo

Huawei B818-263 - Page 184

Huawei B818-263
225 pages
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
Направете пауза во користењето на уредот или апликациите доколку уредот се прегрее. Доколку кожата е
изложена на прегреан уред подолг временски период, може да се јават симптоми на изгореници, како што се
црвени точки или потемна пигментација.
Не ја допирајте антената на уредот. Во спротивно, може да се намали квалитетот на врските.
Не дозволувајте деца или домашни миленици да го гризат или шмукаат уредот или дополнителната опрема.
Тоа може да предизвика штета или експлозија.
Почитувајте ги локалните закони и прописи, како и приватноста и законските права на другите.
Уредот треба да се инсталира и со него да се ракува со најмало растојание од 20 см меѓу изворот на зрачење
и Вашето тело.
Чувајте го уредот на место со добар прием. Растојанието меѓу уредот и други метални предмети (како што се
метални држачи или метални врати и прозорци) треба да биде поголемо од 25 см а растојанието од уредот
треба да биде поголемо од 30 см.
Безбедност на децата
Почитувајте ги сите мерки за претпазливост што се однесуваат на безбедноста на децата. Децата не смеат да
си играат со уредот или дополнителната опрема бидејќи тоа може да биде опасно. Уредот содржи ситни
делови што може да се одвојат и да предизвикаат опасност од задушување. Да се чува подалеку од дофат на
деца.
Уредот и дополнителната опрема не се наменети за деца. Секое користење на уредот од страна на деца треба
да биде под надзор на возрасно лице.
Дополнителна опрема
Користењето на неодобрен или некомпатибилен адаптер за напојување, полнач или батерија може да
предизвика пожар, експлозија или друга опасност.
Избирајте само дополнителна опрема одобрена за употреба за овој модел од страна на производителот на
уредот. Користењето на други типови дополнителна опрема може да доведе до поништување на гаранцијата,
кршење на локалните прописи и закони, и може да биде опасно. Обратете се кај продавачот за повеќе
информации околу достапноста на одобрената дополнителна опрема во Вашиот регион.
Безбедност на адаптерот за напојување
Електричниот приклучок служи како уред за исклучување.
За приклучливите уреди, штекерот треба да биде во близина на уредите и да биде лесно достапен.
Исклучете го адаптерот за напојување од штекерот кога не го користите.
Не испуштајте го и не удирајте го адаптерот за напојување. Ако е оштетен, однесете го во овластен сервисен
центар на Huawei за проверка.
Ако кабелот за струја е оштетен (на пр., жиците се гледаат или се прекинати), или приклучокот се разлабави,
веднаш престанете да го користите. Продолженото користење може да доведе до електрични шокови, кратки
споеви или пожар.
Не го допирајте кабелот со влажни раце и не го влечете за да го исклучите адаптерот за напојување.
Не ги допирајте уредот или адаптерот за напојување со влажни раце. Тоа може да доведе до кратки споеви,
дефекти или електрични шокови.
Ако адаптерот за напојување бил изложен на вода, други течности или преголема влажност, однесете го во
овластен сервисен центар на Huawei за проверка.
Осигурајте се дека адаптерот за напојување ги исполнува барањата од Клаузула 2.5 во IEC60950-1/EN60950-1/
UL60950-1 и е тестиран и одобрен во согласност со националните или локалните стандарди.
Чистење и одржување
Уредот треба да биде сув и заштитен од удари за време на складирање, транспорт и работење.
Уредот и дополнителната опрема да се чуваат суви. Не го сушете уредот со надворешен извор на топлина,
како што е микробранова печка или фен за коса.
Не го изложувајте уредот или дополнителната опрема на екстремна топлина или студ. Таквата средина може
да го попречи правилното функционирање и може да доведе до пожар или експлозија.
Заштитете го уредот од удари што може да предизвикаат дефекти, прегревање, пожар или експлозија.
Исклучете го уредот и отстранете ги сите кабли поврзани на него доколку планирате да не го користите
подолг временски период.
Ако се случи нешто невообичаено (на пример, ако од уредот излегува чад или некој необичен звук или
миризба), веднаш престанете со користење, исклучете го, отстранете ги сите кабли што се поврзани со него и
контактирајте со овластен сервисен центар на Huawei.
Не ги газете, влечете или виткајте каблите. Тоа може да предизвика оштетување на кабелот и дефект на
уредот.
Пред да започнете со чистење или одржување на уредот, запрете со негова употреба, запрете ги сите
апликации и исклучете ги сите кабли поврзани на него.
Не користете хемиски детергенти, прашок или други хемиски средства (како алкохол и бензен) за чистење на
уредот или дополнителната опрема. Таквите супстанции може да ги оштетат деловите или да предизвикаат
опасност од пожар. Користете чиста, мека и сува крпа за да го исчистите уредот и дополнителната опрема.
Не оставајте картички со магнетна лента, како што се кредитни или телефонски картички, во близина на
уредот подолг временски период. Во спротивно, картичките со магнетната лента може да се оштетат.
Не расклопувајте ги и не составувајте ги повторно уредот и додатоците. Со тоа се поништува гаранцијата и
производителот се ослободува од одговорност за штетата. Во случај на штета, контактирајте со овластен
сервисен центар на Huawei за да добиете помош и поправка.
182

Other manuals for Huawei B818-263

Related product manuals