2
МАКЕДОНСКИ
Безбедносни упатства
Пред да го користите производот прочитајте
ги внимателно овие безбедносни мерки на
претпазливост.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Не поставувајте ги телевизорот и далечинскиот управувач во
следните опкружувања:
tМеста изложени на директна сончева светлина
tОбласт со висока влажност како бања
tВо близина на извори на топлина како печки и други уреди
кои емитуваат топлина
tВо близина на работни маси во кујни или развлажнувачи каде
лесно може да бидат изложени на пареа или масло
tОбласти изложени на дожд или ветер
tВо близина на садови со вода како вазни
Во спротивно, тоа може да предизвика пожар, електричен удар,
неисправно функционирање или деформирање на производот.
Не поставувајте го производот на места каде може да биде
изложен на прашина. Тоа би можело да предизвика опасност од
пожар.
Приклучокот за електрична мрежа треба да служи како елемент за
исклучување. Приклучокот треба да може веднаш да се употреби.
Не допирајте го струјниот кабел со влажни раце. Покрај тоа,
доколку приклучоците на кабелот се влажни или покриени со
прашина, исушете го целосно приклучокот на електричниот кабел
или избришете ја прашината.
Може да добиете струјен удар како резултат на преголема
влажност.
Водете сметка струјниот кабел да го поврзете на заземјена струја.
(Освен за уреди кои не се заземјуваат.) Во спротивно, може да се
случи да ве удри струја или да бидете повредени.
Кабелот за струја вметнете го целосно. Доколку струјниот кабел не
биде целосно вметнат, може да избувне пожар.
Внимавајте струјниот кабел да не дојде во допир со жешки
предмети како на пр. греалка. Тоа би можело да предизвика
пожар или опасност од електричен удар.
Не поставувајте тежок предмет, или самиот производ, на кабелот
за напојување. Во спротивно, би можело да дојде до пожар или
електричен удар.
Превиткајте го кабелот на антената помеѓу внатрешниот и
надворешниот дел од зградата за да се спречи протекување на
дождот во кабелот. Тоа би можело да предизвика оштетување
заради водата во производот и електричен удар.
При поставување на телевизорот на ѕид, внимавајте на неговата
задна страна да не се протегаат каблите за напојување и сигнал.
Тоа би можело да предизвика пожар или електричен удар.