7
МАКЕДОНСКИ
Во зависност од местото на гледање може да забележите различна
осветленост и боја на екранот (лево/десно/горе/долу).
Овој феномен се должи на карактеристиките на панелот. Ова не е
поврзано со перформансите на производот, и тоа не претставува
неисправност.
Прикажувањето на неподвижна слика на подолг временски
период може да предизвика врежување на сликата. Избегнувајте
прикажување на фиксна слика на ТВ екранот на подолг временски
период.
Генериран звук
Звук на “крцкање”: Звукот на крцкање кој настанува за време
на гледање или исклучување на телевизорот се генерира при
термичко собирање на пластиката заради температурата и
влажноста. Овој шум е вообичаен кај производите кај кои доаѓа
до термички деформации. Брмчење на електричните кола/
зуење на панелот: Шум со ниско ниво се генерира од колата
со преклопување со голема брзина, кои испорачуваат големи
количини на струја за функционирање на производот. Шумот се
разликува во зависност од производот.
Овој генериран звук не влијае врз перформансите и сигурното
функционирање на производот.
Не користете електронски уреди со висок напон во близина на
телевизорот (на пр. електрична тепалка за комарци). Тоа може да
предизвика неисправност на производот.
Гледање на 3D слика (само 3D
модели)
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Условите за гледање
tВреме на гледање
- При гледање 3D содржини, направете пауза од 5 на 15
минути на секој час. Гледање 3D содржини подолг период
може да предизвика главоболка, вртоглавица или замор
на очите.
Оние кои имаат фотосензитивна
епилепсија или хронични болести
tНекои корисници може да доживеат напад или други
ненормални симптоми кога се изложени на треперење на
светлина или одредени секвенци од 3D содржини.
tНе гледајте 3D видео ако чувствувате гадење, ако сте бремени
и/или имате хронична болест како епилепсија, срцеви
проблеми или нарушување на крвниот притисок, итн.
t3D содржините не се препорачуваат за лица кои страдаат од
стерео слепило или стерео аномалија. Може да се доживеат
двојни слики или непријатност при гледањето.
tАко имате страбизам (шашливи очи), амблиопија (слаб вид)
или астигматизам, може да имате проблеми со осетот за
длабочина и лесно да почувствувате замор заради двојни
слики. Се препорачуваат почести паузи во однос на просекот
за возрасни.
tАко видот ви се разликува меѓу десното и левото око,
корегирајте го видот пред да гледате 3D содржини.
Симптоми кои наложуваат прекинување
или воздржување од гледање 3D
содржини
tНе гледајте 3D содржини кога чувствувате замор од недостаток
на сон, премногу работа или пиење.
tАко почувствувате некои од овие симптоми, престанете со
користење/гледање на 3D содржини и доволно одморете се
додека симптомите не исчезнат.
- Посоветувајте се со доктор ако симптомите продолжат и
понатаму. Симптомите може да вклучуваат главоболка,
болка во очите, вртоглавица, гадење, палпитација,
заматување, непријатно чувство, двојна слика, визуелна
непријатност или замор.