19
МАКЕДОНСКИ
Лиценци
Поддржаните лиценци може да се разликуваат во зависност од
моделот. За повеќе информации околу лиценците, посетете ја
страницата www.lg.com.
Известување за софтвер
со отворен код
За да го добиете изворниот код според GPL, LGPL, MPL и другите
лиценци за отворен изворен код кој се користи кај овој производ,
посетете ја страницата http://opensource.lge.com.
Покрај изворниот код, достапни за превземање се и сите наведени
одредби на лиценца, одрекувања од одговорност и известувања за
авторски права.
LG Electronics исто така ќе ви обезбеди отворен изворен код на
CD-ROM диск за одреден надоместок кој го покрива трошокот за
вршење на дистрибуцијата (како трошокот за медиумот, испораката
и ракувањето) по доставено e-mail барање до opensource@lge.com.
Оваа понуда е валидна три (3) години од датумот на купување на
производот.
Поставување на
надворешен контролен
уред
За добивање информации околу поставувањето на надворешен
контролен уред, посетете ја страницата www.lg.com.
Отстранување на проблеми
Не е можно управување на телевизорот со далечинскиот
управувач.
tПроверете го сензорот за далечинско управување на
производот и обидете се повторно.
tПроверете дали помеѓу производот и далечинскиот управувач
има некаква пречка.
tПроверете дали батериите сè уште работат и дали се правилно
поставени ( co , co ).
Нема приказ на слика и не се емитува звук.
tПроверете дали производот е вклучен.
tПроверете дали кабелот за напојување е поврзан на ѕидниот
штекер.
tПроверете дали има проблем со ѕидниот штекер преку
поврзување на други уреди.
Телевизорот ненадејно се вклучува.
tПроверете ги поставките за контрола на напојувањето.
Напојувањето може да има прекин.
tПроверете дали функциите за
Автом. мирување (Во
зависност од моделот) / Тајмер за мирување / Тајмерот е
исклучен се активирани во поставките за Тајмери.
tДоколку нема влезен сигнал кога телевизорот е вклучен,
телевизорот автоматски ќе се исклучи по 15 минути
неактивност.
При поврзување со PC (HDMI), се прикажува ‘Нема сигнал’ или
‘Неважечки формат’.
tИсклучете/вклучете го телевизорот со помош на далечинскиот
управувач.
tПовторно поврзете го HDMI кабелот.
tРестартирајте го компјутерот додека телевизорот е вклучен.