MK
55
аните области се вклучуваат и исклучу-
ваат. Тоа е поради безбедносниот уред,
кој спречува стаклото да се пре грее.
Ова е нормално при високи тем-
ператури, не предизвикува никакво
оштетување на плочата и мало до-
цнење во времето потребно за готвење.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
• Никогаш не ракувајте со плочата
без тави на зоната за готвење.
• Користете само рамни тави со до-
волно дебела основа.
• Осигурајте се дека дното на тавата е
суво пред да го ставите на плочата.
• Додека работи зоната за готвење,
важно е да се осигурате дека тавата
е центрирана правилно над зоната.
• За да заштедите енергија, никогаш
не користете тава со поинаков дија-
метар од ринглата што се користи.
Кружна основа на
тенџерето
Основа на тенџерето
што не е наместена
Мал дијаметар на
тенџерето
• Не користете тенџериња со грубо
дно бидејќи тие може да ја изгребат
стаклената керамичка површина.
• Ако е можно, секогаш ставајте ка-
паци на тавите за да избегнете
губење на топлината.
• Температурата на достапните делови
може да стане висока додека работи
уредот. Држете ги децата и животните
што подалеку од плочата за време на
работењето и сѐ додека целосно не
се изладила по работењето.
• Ако забележите пукнатина на пло-
чата за готвење, таа веднаш мора
да се исклучи и да се замени од
страна на овластениот сервисер.
4.2 Додатоци
Шпатула за витро-керамичкото стакло
Секогаш користете ја шпатулата за
стакло за да ги отстранувате исте-
кувањата или наслагите од плочата
пред да се обидете со хемиски сред-
ства за чистење. Ова е идеален метод
за отстранување дури и на најмалите
наслаги од плочата и за отстранување
на истекувањата од жешките зони за
готвење пред да изгорат на плочата.
ВНИМАНИЕ:
Бидете внимателни при корис-
тење на шпатулата. Нејзиното сечиво
може да предизвика повреди!
ВНИМАНИЕ:
Ако неправилно ја употребувате
шпатулата, сечилото може да се скр-
ши. Ако тоа се случи, не обидувајте
се да го отстраните парчето со раце-
те, внимателно користете клешти или
тенок нож. (Видете на сл. 1)
Сл. 1