EasyManuals Logo

Makita DCS551RMJ Manual

Makita DCS551RMJ
80 pages
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Page #42 background imageLoading...
Page #42 background image
42
материјал додека алатот се рестартира.
12.
Прицврстете ги плочите или материјалите
што се преголеми за да го намалите ризикот
од заглавување на сечилото и повратен удар.
Големи парчиња материјал обично се виткаат од
сопствената тежина. Прицврстувачите мора да
бидат поставени под плочата од обете страни,
во близина на линијата на сечење и во близина
на работ на плочата.
13.
Не користете истапени или оштетени сечила.
Ненаострените или неправилно поставените сечила
создаваат тесен засек со тоа содзавајќи прекумерно
триење, лепење на сечилото и повратен удар.
14.
Дебелината на сечилото и рачките за
прилагодување и блокирање на косината мора
да бидат добро прицврстени и обезбедени пред
да се пристапи кон сечење.
Ако прилагодувањето
на сечилото се менува за време на сечењето, може
да дојде до лепење на сечилото и повратен удар.
15.
Бидете многу внимателни кога сечете дупки во
постоечки ѕидови или други слепи области.
Сечилото што стрчи може да засече предмети што
може да предизвикаат повратен удар. За сечење
дупки, вовлечете го долниот заштитник со помош на
рачката за повлекување.
Функција на долниот заштитник
16.
Проверувајте дали долниот заштитник е
затворен правилно пред секоја употреба. Не
ракувајте со алатот ако долниот заштитник не
се движи слободно и не се затвара веднаш.
Никогаш немојте да го пристегнувате или
заврзувате долниот заштитник во отворена
положба.
Ако алатот ненадејно падне, долниот
заштитник може да се свитка. Подигнете го
долниот заштитник со помош на рачката за
повлекување и осигурете се дека се движи
слободно и не го допира сечилото или некој друг
дел, во сите агли и дебелини на сечењето.
17.
Проверете ги функционирањето и состојбата
на пружината на долниот заштитник. Ако
заштитникот и пружината не работат правилно,
тие мора да се сервисираат пред да се
користат.
Долниот заштитник може да работи
бавно заради оштетени делови, лепливи наслаги
или насобран отпаден материјал.
18.
Долниот заштитник може да се повлече рачно
само за специјални засеци како што сепотопни
засеци исложени засеци“. Подигнете го
долниот заштитник со повлекување на рачката и
штом сечилото ќе навлезе во материјалот,
долниот заштитник мора да се отпушти.
За сите
други видови сечење, долниот заштитник треба да
работи автоматски.
19.
Секогаш внимавајте долниот заштитник да го
покрива сечилото пред да го поставите
алатот на масата или на подот.
Незаштитеното
сечило ќе предизвика алатот да се придвижи
наназад, сечејќи сè што е на патот. Имајте го
предвид времето потребно за сечилото да запре
откако прекинувачот ќе се отпушти.
20.
За да го проверите долниот заштитник, отворете
го рачно, потоа отпуштете го и набљудувајте
како се затвара. Исто така осигурете се дека
рачката при повлекувањето не го допира
куќиштето на алатот.
Оставањето на сечилото
незаштитено е МНОГУ ОПАСНО и може да доведе
до тешка телесна повреда.
Дополнителни безбедносни предупредувања
21. Не запирајте ги сечилата со страничен
притисок врз сечилото.
22. ОПАСНОСТ:
Не обидувајте се да го тргнете работниот
материјал додека сечилото е во движење.
ВНИМАНИЕ: Тркалото запира постепено
откако ќе се исклучи.
23.
Поставете го поширокиот дел на основата на
алатот врз оној дел на работниот материјал кој е
стабилно прицврстен, а не врз делот кој ќе
отпадне откако ќе се изврши сечењето.
24. Никогаш не обидувајте се да сечете со
алатот додека го држите стегнат во
менгеме наопаку. Тоа е многу опасно и
може да доведе до сериозни несреќи.
25. Носете заштитни очила и заштита за слухот
за време на работата.
26. Не користете никакви абразивни тркала.
27.
Користете само сечило што има еднаков
дијаметар на оној што е означен на алатот или
наведен во упатството за употреба.
Ако се
користи сечило со несоодветна големина, може да
биде засегнато правилното заштитување на
сечилото или функционирањето на штитниците што
може да доведе до тешка телесна повреда.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ удобноста или запознаеноста со
производот (стекната со подолга употреба) да ве
наведе да не се придржувате строго до
безбедносните правила за односниот производ.
ЗЛОУПОТРЕБАТА или непочитувањето на
безбедносните правила наведени во ова упатство
може да предизвикаат тешки телесни повреди.
ENC007-10
ВАЖНИ БЕЗБЕДНОСНИ
УПАТСТВА
ЗА БАТЕРИЈА
1. Пред користење на батеријата, прочитајте
ги сите упатства и ознаки за претпазливост
на (1) полначот за батеријата, (2) батеријата
и (3) производот што ја користи батеријата.
2. Не расклопувајте ја батеријата.

Other manuals for Makita DCS551RMJ

Questions and Answers:

Question and Answer IconNeed help?

Do you have a question about the Makita DCS551RMJ and is the answer not in the manual?

Makita DCS551RMJ Specifications

General IconGeneral
BrandMakita
ModelDCS551RMJ
CategoryCutter
LanguageEnglish

Related product manuals