45
оваа ситуација, исклучете го алатот и запрете ја
примената која предизвикала преоптовареност на
алатот. Потоа, вклучете го алатот за да го
рестартирате.
Заштита од прегревање на алатот
Кога алатот е прегреан, алатот се исклучува
автоматски и индикаторот за батерија ја покажува
следнава состојба. Во оваа ситуација, оставете
алатот да се
олади пред повторно да го вклучите.
Индикатор за
батерија
Алатот е прегреан
ВКЛУЧЕНО
Исклучено
Трепкање
015625
Ослободување на заштитната блокада
Кога системот за заштита работи повторливо, алатот
е блокиран и индикаторот за батеријата ја покажува
следнава состојба.
Индикатор за батерија
ВКЛУЧЕНО
Исклучено
Трепкање
Заштитната блокада работи
015626
Во оваа ситуација, алатот не стартува дури ни ако го
исклучувате и вклучувате. За да ја ослободите
заштитната блокада, извадете ја батеријата,
поставете ја на полначот за батерии и почекајте
додека не заврши полнењето.
Прилагодување на длабочината на
сечењето
Слика6
ВНИМАНИЕ:
• Откако ќе ја дотерате длабочината за сечење,
секогаш затегнете ја рачката.
Олабавете ја рачката поставена странично на
задната дршка и движете ја основата нагоре или
надолу. На саканата длабочина за сечење,
прицврстете ја основата со затегнување на рачката.
За почисто и побезбедно сечење, поставете ја
дебелината на сечење такашто под работниот
материјал да стрчи не повеќе од еден заб од
сечилото. Користењето соодветна дебелина на
сечење помага во намалувањето на потенцијалот за
опасни ПОВРАТНИ УДАРИ кои можат да
предизвикаат телесна повреда.
Нишанење
Слика7
Поставете ја линијата на порамнување на основата
на вашата планирана линија на сечење на
работниот материјал.
Вклучување на ламбата
ВНИМАНИЕ:
• Не гледајте директно во ламбата, ниту во
изворот на светлина.
Слика8
За да ја вклучите само ламбата, повлечете го
прекинувачот без притискање на рачката за
блокирање. За да ги вклучите и ламбата и алатот,
притиснете ја рачката за блокирање и повлечете го
прекинувачот додека рачката за блокирање е
притисната. Ламбата свети
додека прекинувачот е
повлечен. Ламбата ќе се исклучи 10 - 15 секунди по
отпуштањето на прекинувачот.
НАПОМЕНА:
• Користете чепкалка за уши за да ја избришете
нечистотијата од леќата на ламбата.
Внимавајте да не ја изгребете леќата на
ламбата затоа што тоа може да го намали
осветлувањето.
• Немојте да користите бензин, разредувач или
слични супстанции за чистење на леќата на
ламбата. Употребата на таквите супстанции ќе
ја оштети ламбата.
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
• Пред секое дотерување или проверка на алатот,
секогаш проверувајте дали е исклучен и
батеријата е извадена.
Вадење или монтирање на сечилото
ВНИМАНИЕ:
•
Осигурете се дека сечилото е монтирано со забите
насочени нагоре кон предниот дел на алатот.
• Користете само клуч Makita за ставање или
вадење на сечилото.
Слика9
За да го извадите сечилото, притиснете ја блокадата
на оската целосно такашто сечилото да не може да
се врти и употребете имбус-клуч за олабавување на
имбус-завртката во насока спротивна од стрелките
на часовникот. Потоа, извадете ги имбус-завртката,
надворешната
фланша и сечилото.
Слика10
За да го наместите сечилото, следете ја постапката
за вадење по обратен редослед. ВНИМАВАЈТЕ
ДОБРО ДА ЈА ЗАТЕГНЕТЕ ИМБУС-ЗАВРТКАТА.
Кога менувате сечило, исто така, чистете ги горниот
и долниот штитник на сечилото од насобраните
метални делканици како што е опишано во делот
Одржување. Таквите дејства
не ја заменуваат
потребата од проверка на функционирањето на
долниот штитник пред секоја употреба.