EasyManua.ls Logo

Philips 3300 Series - Приспособување на поставките за мелницата; Деактивирање на звучните сигнали на контролната табла; Отстранување и вметнување на групата за варење; Отстранување на групата за варење од машината

Philips 3300 Series
638 pages
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
575
Македонски
Македонски
4 Притиснете го копчето за вклучување/исклучување за да ја вклучите машината повторно.
Приспособување на поставките за мелницата
Може да ја промените јачината на кафето со копчето за поставка на мелењето во садот за зрна.
Колку е пониска поставката за мелење, толку е пофино меленото кафе и толку појако ќе биде
кафето. Има 12 различни поставки за мелење од кои може да изберете.
Машината е поставена да го извлече најдобриот вкус од вашите зрна кафе. Затоа ве советуваме да не
ја поставувате поставката за мелење додека не сте свариле 100 до 150 филџани (приближно 1 месец
користење).
Поставките за мелење може да ги поставувате само кога машината ги меле зрната кафе. Треба да
сварите 2 или 3 пијалаци пред да може да ја вкусите разликата.
Не вртете го копчето за поставување на мелењето повеќе од еден зарез едновремено за да се
спречи оштетување на мелницата.
1 Ставете филџан под одводот за распрскување кафе.
2 Отворете го капакот на резервоарот за зрна кафе.
3 Допрете ја иконата за еспресо, а потоа притиснете на копчето за старт/стоп .
4 Кога мелницата ќе почне да меле, притиснете го копчето за поставка на мелењето и свртете го
налево или надесно. (Сл. 22)
Деактивирање на звучните сигнали на контролната табла
1 Притиснете го копчето за вклучување/исклучување за да ја исклучите машината.
2 Кога машината е исклучена, допрете и задржете ја иконата за кафе додека не се вклучи светлото
на иконата. Светлото за старт почнува да трепка.
3 Повторно допрете ја иконата за кафе за да ги деактивирате звучните сигнали на контролната
табла. Светлото на иконата за кафе ќе се исклучи.
4 Притиснете го копчето за старт/стоп за да го потврдите изборот.
5 Притиснете го копчето за вклучување/исклучување за да ја вклучите машината повторно.
Звучните сигнали на контролната табла сега се деактивирани.
Забелешка: ако светлото на иконата за кафе не се вклучи по допирање и задржување на иконата, тоа
значи дека звучните сигнали на машината веќе биле деактивирани. За да ги активирате повторно,
допрете ја иконата повторно и потврдете со притискање на копчето за старт/стоп.
Титкањата на копчето за вклучување/исклучување и копчето за старт/стоп не може да се
деактивираат.
Отстранување и вметнување на групата за
варење
Одете на www.philips.com/coffee-care за детални видео упатства за начинот на отстранување,
вметнување и чистење на групата за варење.
Отстранување на групата за варење од машината
1 Исклучете ја машината.
2 Извадете го резервоарот за вода и отворете ја сервисната врата (Сл. 23).

Table of Contents

Related product manuals